Во период од 02.02.2019 до 08.02.2019 пријавени се 54 случаи на мали сипаници во Скопје и четири случаи од други градови (Куманово, Тетово и Гевгелија), за кои не може да се најде епидемиолошка поврзаност со случаите пријавени во епидемијата во Скопје.

Заклучно со 08.02.2019, во епидемијата во Скопје 201 заболен е класифицирани како мали сипаници по направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати.

Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на заболени, 115 (57,2%) се на возраст до 4 години, а 44 лица (21,9%) на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 144 или 71,6% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупниот број на заболени, 103 лица односно 51,2% се лабораториски потврдени.

Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 8.434, од кои 5.900 лица се на територијата на град Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги превземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните тимови во пунктовите за вакцинација.

Скопје, 08.02.2019

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

ИЈЗ Скопје