Краток преглед на епидемиолошката состојба со мали сипаници во Северна Македонија

 

Во периодот од 30.03-05.04.2019, пријавени се вкупно 71 случај на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска).

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 35 случаи се од Скопје, при што 65,7% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Останатите 36 заболени се од 6 други градови во Северна Македонија и тоа:

Куманово – пријавени се 10 случаи,  од нив еден е седум месечно дете, 1 од 1-4г, 3 од 5-14г, 2 од 20-29г. и 3 случаи се над 30 години. Според вакциналниот статус, 50% односно 5 случаи се невакцинирани или непотполно вакцинирани.

Струга – 11 случаи, сите се над 20 години. Од нив 6 се непотполно вакцинирани и 5 се вакцинирани со две дози.

Тетово – 7 случаи, две се деца под една година – невакцинирани, 1 од 5-9г. со непознат вакцинален статус и 4 случаи се над 30 години, вакцинирани со една доза.

Кичево – пријавени се 4 случаи, сите од возрасната група од 0-4 години, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

По еден нов случај е пријавен – од Велес, Гостивар и Крива Паланка. Случајот од Велес е над 40 години вакциниран со две дози, од Гостивар е од возрасната група 20-29, непотполно вакциниран, а од Крива Паланка е 9 месечно дете, невакцинирано.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 05.04.2019, во Република Северна Македонија се регистрирани 835 случаи на мали сипаници, од нив 619 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 19 градови од Северна Македонија, од нив 556 случаи од Скопје, 71 се од Куманово, 70 од Тетово, 38 од Струга, 18 од Гевгелија, 17 од Дебар, по 15 од Гостивар и Кичево, 13 од Велес, по 4 случаи има во Кочани и во Штип, a во останатите 8 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје (90,0/100.000), Дебар (61,3/100.000), Струга (56/100.00) и Гевгелија (52,3/100.000)

Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони – Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години, 344 или 41,2% од вкупниот број. Висок процент на заболени се регистрира и кај возрасната група од 0-4 години со 36,5% од вкупниот број на заболени (n=306)

Од вкупно 154 заболени деца на возраст од 1-4 години, 140 или 90,9% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 458 заболени кај лицата над 20 годишна возраст, 67,2% (n=308) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупно регистрираните 835 случаи на мали сипаници, најголем број и процент – 381 или 45,6% се лабораториски потврдени, 220 или 26,4% се епидемиолошки поврзани, додека 234 случаи (28%) се со клиничка слика на мали сипаници.

Спроведени активности за вакцинација со МРП вакцина

Од почетокот на епидемијата,во Скопје, вкупниот број на вакцинирани лица до 14- годишна возраст кои подлежат на вакцинација со прва или втора доза,изнесува 11.919 деца. Во останатиот дел од републиката, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст со прва или втора доза,изнесува 7.286 деца.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 19.205.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје