slika2

slika1

slika 3

 

 

Пилотирање на Прашалник за здрави населби во Општина Карпош

INHERIT истражувачкиот проект кој е дел од HORIZON 2020 програмата на Европската Унија за истражување и иновации, стреми кон стимулирање на ефективни политики, практики и иновации на сите нивоа, кои ќе ги адресираат клучните агенси од животната средина, ќе промовираат здравствена еднаквост и благосостојба на населението.

AML_6726

Тим од експерти на Институтот за јавно здравје на РМ како дел од Конзорциумот во овој истражувачки проект на ден 7.3.2018 година оствари средба со градоначалникот на Општина Карпош г-нот Стефан Богоев и раководителите на клучните сектори на Општината. Целта на посетата беше продлабочување на започнатата соработка со Општина Карпош, и презентирање на активностите кои ќе следат имајќи ја во предвид изразената подготвеност на Општината за пилотирање на Прашалникот за здрава населба, алатка која овозможува и поттикнува дискусии на локално ниво помеѓу граѓаните и општинската адимистрација.

AML_6727

Главниот истражувач и координатор на INHERIT проектот проф. д-р Драган Ѓорѓев на средбата ги посочи предностите и идните придобивки за Општината и граѓаните од спроведувањето на ова истражување. Преку учеството во истражувањето, граѓаните на Општината, формалните и неформалните здруженија ќе можат да го искажат својот став по однос на елементи и квалитети кои треба една модерна општина- населба  да ги поседува, во која ќе се потенцираат вредностите и квалитетите на населбата но и ќе се идентификуваат областите каде што истата би можела да се подобри. Во истражувањето ќе бидат  вклучени различни популациони групи граѓани по возраст,пол,професиија, етничка припадност, економски статус и др. Темите опфатени со истражувањето чиј модел е иницијално воспоставен и применет во некои градови во Шкотска и Холандија ги опфаќаат актуелностите поврзани со јавниот транспорт, улиците, зелените простори во општината, домувањето но и социјалните аспекти на населбата, социјалната вклученост, чувството на безбедност, грижа и припадност и др. На тој начин граѓаните стануваат активни учесници во процесот на донесување на одлуки на локално ниво не само во идентификацијата и посочувањето на предизвиците, туку и активни учесници во предлагање на идеи и решенија за постигнување на истата цел која тие ја имаат со општинската администрација – здрава населба.

AML_6730

Со тоа што ќе бидат прашани, граѓаните ќе знаат дека Општината го вреднува нивниот став, а нивните конкретни идеи ќе бидат преточени во соодветни решенија или проекти на општина Карпош, со што се заокружува процесот на заедничко креирање на локални политики.

За остварување на поставените заеднички цели, Институтот и Општината склучија Меморандум за соработка и формираа заеднички проектен тим а идните активности ќе бидат детализирани во Оперативниот план за спроведување на Проектот.

AML_6732

Повеќе информации за INHERIT проектот, како и целите и применетата методологија на проектот кој ке се спроведе во Општина Карпош, се достапни на следните линкови:

https://www.inherit.eu/

https://placestandard.scot/

 

Известувањето на јавноста за остварената средба во Општина Карпош е достапно на следниот линк:

http://www.karpos.gov.mk/vest/5681