Небото е твој водич
Ракот на кожата е најчестата форма на канцер во светот денес. Добрата вест е дека можеш лесно да го спречиш или ако го откриеш рано да се лекуваш. Сè што треба да направиш е да погледнеш кон небото.
Оваа кампања објаснува како:
- да го спречиш ракот на кожата со заштита од оштетување од сонцето.
- да ја користиш полната месечина како потсетување да ја спроведеш твојата месечна проверка на сомнителните лезии на кожата.
Спречи го ракот на кожата – Секогаш биди безбеден на сонце
Избегнувај непотребно исложување на сонце
Побарај сенка онаму каде што е можно, и избегнувај го летно сонце во средината на денот.
Носи алишта кои те заштитуваат
Носи темни бои, долги ракави, шапка со широка периферија и очилата за сонце кои обезбедуваат 99-100 проценти заштита од УВ – А и УВ – Б зраци.
За децата, одбери облека што ќе ги заштитува од сонце.
Нанеси крема за сончање со заштитен фактор
Провери дали твојата крема за сончање има висок заштитен фактор против УВ – А и УВ – Б зраците. Важно е да се знае дека дејството на кремата за сончање започнува половина час по нанесувањето и трае 2 до 3 часа.
Децата се со најголем ризик да добијат долгорочни здравствени проблеми поради небезбедно изложување на сонце. Играњето надвор е важно, но никогаш не треба да дозволиш твоето дете да добие изгореници од сонце.
Превод:
Оддел за здравствена промоција и следење на болести