За жал, Европа сè уште е во голема блокада и се справува со Ковид пандемијата, ова секако значи дека нашите кампањи сè уште изгледаат многу поразлично оваа година.

Нашата кампања за 2021 година ја промовира потребата секој да го разбере својот личен профил на ризик и да знае како да ја провери сопствената кожа.

rak 1

 

Спречи го ракот на кожата – Секогаш ­­биди безбеден на сонце

 

rak2

Избегнувај непотребно исложување на сонце

Побарај сенка онаму каде што е можно, и избегнувај го летно сонце во средината на денот.

rak3 rak3a

Носи алишта кои те заштитуваат

Носи темни бои, долги ракави, шапка со широка периферија и очилата за сонце кои обезбедуваат 99-100 проценти заштита од УВ – А и УВ – Б зраци.

За децата, одбери облека што ќе ги заштитува од сонце.

rak4

 

Нанеси крема за сончање со заштитен фактор

Провери дали твојата крема за сончање има висок заштитен фактор против УВ – А и УВ – Б зраците. Важно е да се знае дека дејството на кремата за сончање започнува половина час по нанесувањето и трае 2 до 3 часа.

Децата се со најголем ризик да добијат долгорочни здравствени проблеми поради небезбедно изложување на сонце. Играњето надвор е важно, но никогаш не треба да дозволиш твоето дете да добие изгореници од сонце.

 

Превод:

Оддел за здравствена промоција и следење на болести