Зачестеноста на дијабетот во светот  се зголемува и истражувањата покажуваат дека децата се во зголемен ризик од развивање на болеста. Околу  350 милиони луѓе во светот ја имаат болеста, а можно е  бројот дупло да се зголеми за следните 20 години. Со тек на време, дијабетот може да доведе до оштетувања на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите- предизвикувајќи хронични проблеми и рана смрт.

Тип 1 дијабет

Тип 1 дијабет  (познат и како инсулин-зависен, се јавува најчесто кај деца и млади) настанува кога панкреасот не создава доволно инсулин, хормон што  го регулира нивото на шеќер во крвта. Причината не е позната, но се смета дека е разултат на комбинација на генетски и фактори од средината.

Многу земји забележуваат голем број на нови дијагностицирани случаи на дијабет  тип 1, посебно кај помали деца. Интересно, распространетоста на болеста кај децата наликува на епидемија на инфективни болести. За сега, не е познат начинот за превенција  на дијабет  тип 1.

Тип 2 дијабет

Тип 2 дијабет ( познат и како не-инсулин-зависен или дијабет  кај возрасни) настанува кога телото не може ефективно да го користи  инсулинот што го создава. Често превентабилен, може да биде резултат од  прекумерна телесна тежина или  физичка неактивност, и понекогаш, генетски предиспозиции.

Неодамна, значително се зголеми бојот на  пријавени случаи  на тип 2 дијабет кај деца и адолесценти, толку многу што во некои делови на светот  тип 2 дијабет стана главен тип на дијабет кај деца. Глобалниот пораст  на детската здебеленост и физичка неактивност  на  широко се  верува дека играат клучна улога. Здравата исхрана и животни навики се силна одбрана против болеста.

poster-be-active mkd

poster-follow-advice (1)