Краток преглед на остварените резултати согласно програма за заштита на населението од ХИВ за 2018 година (до 26 Ноември 2018 година)

  1. Епидемиолошки податоци

Клучни факти за ХИВ во 2018 (СЗО)

ХИВ и понатаму е значаен јавно здравствен проблем, досега 35 милиони лица починале поради причини поврзани со ХИВ од кои 940.000 лица починале во 2017 година. Се проценува дека приближно 36.9 милиони лица живеат со ХИВ од кои 1,8 милиони заболеле во 2017. Во 2017 година 59% од возрасните и 52% од децата кои живеат со ХИВ примале антиретровирусна терапија (АРТ).

 

Кумулативни податоци за Македонија

Во Македонија од 1987 до сега се регистрирани 400 случаи на ХИВ. Од регистрираните случаи 339 (86%) се од машки пол а 54 (14%) се од женски пол. Во последните две години сите новооткриени случаи се од машки пол (графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција според пол на новооткриени случаи на ХИВ, 1987-2018

Графикон 1. Дистрибуција според пол на новооткриени случаи на ХИВ, 1987-2018

Дистрибуција според возраста  укажува дека најзафатена е сексуално активната популација на возраст од 20-39 години кои чинат 74% (n=196) од дијагностицираните случаи.

Графикон 2. Дистрибуција според возраст новооткриени случаи на ХИВ, 1987-2018

Графикон 2. Дистрибуција според возраст новооткриени случаи на ХИВ, 1987-2018

Кумулативно според начинот на трансмисија, најголем број од случаите (213; 53%) се кај мажи кои имале секс со маж, хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 153 случаи (38%), Лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5% (n=10), а по 6 случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете (Графикон 3).

Графикон 3. Дистрибуција на случаите на ХИВ според начин на трансмисија, 1987-2018

hetero

Кумулативно 99 од дијагностицираните лица во Македонија починале поради причини поврзани со СИДА.

 

Состојба во Македонија во 2018 година

Во 2018 до сега се регистрирани 41 нови случаи на ХИВ, од кои сите се од машки пол (графикон 1).

Возрасната дистрибуција на случаите регистрирани во 2018 година не отстапува од досега регистрираните случаи. Возраста на новите случаи се движи од 21 до 51 година, a 82% од случаите се на возраст од 20 до 39 години, од кои по 17 случаи на возраст од 20-29 и 30-39 години. На возраст од 40-49 години биле 6 случаи и еден во возрасната група од 50-59 години.

Според начинот на пренос, 78% (n=32) од случаите се мажи кои имале секс со мажи, 7 лица пријавиле хетеросексуален начин на пренос, а за едно лице не се знае начинот на пренос.

Од случаите во 2018 година, повеќе од половина (n=21) се со место на живеење во Скопје, а останатите  18 случаи се регистрираат како спорадични во 13 града од Македонија. Еден случај во 2018 е странски државјанин.

Во 2018 година регистрирани се 3 смртни случаи поврзани со СИДА.

 

Постигнати резултати од спроведување на активности од Програмата за за заштита на населението од ХИВ за 2018 година

II.1.     Превенција на ХИВ кај клучни популации

Со програмите и активностите за превенција на ХИВ кај клучните популации опфатени се вкупно 10.289 лица припадници на клучните популации. Поточно со основен пакет за превенција на ХИВ опфатени се: 4.164 ЛИД; 1.723 СР; 4.042 МСМ и 73 лица кои живеат со ХИВ. Опфатот на клиенти се движи во опсег од 88% до 93% од предвидените таргети во програмата за заштита на населението од ХИВ за 2018 година (Табела 1).

Во овој период со доброволно и доверливо ХИВ тестирање се опфатени 3.350 лица од клучните популации. Како дел од активностите за намалување на ризикот од ХИВ и СПИ поделени се близу 67.000 информативни материјали, 274.000 кондоми и 360.000 сетови за безбедно инјектирање (Табела 1).

Табела 1. Преглед на опфатени клиенти и превентивни активности наменети за намалување на ризикот од ХИВ/СПИ кај клучни популации

Клучни популации и програми Опфатени клиенти (% од поставен таргет) ХИВ тестирани (% од поставен таргет) Поделени Кондоми Инфо материјали Сетови за безбедно инјектирање
Лица кои инјектираат дроги  4.164 (88%) 835 (85%)     83,103     38,823             359,618
Сексуални работници и работнички  1.723 (93%) 619 (83%)   124,285     16,070
МСМ  4.402 (88%) 1497 (67%)     56,312       9,106
Затвореници 83 (43%)
Млади 326 9137 2926
ЛКЖХИВ                     73 1331
Вкупно             10,289     3350   274,168         66,925                 359,618    

 

II.2.      Центри за јавно здравје

Центри за јавно здравје се вклучени во програмата и вршат: бесплатно и доверливо ХИВ-тестирање и советување за брз скрининг кај општа популација, услуги за дијагностика и третман на сексуално преносливи инфекции,         услуги за советување за сексуално и репродуктивно здравје, едукација за заштита од ХИВ и други крвни и сексуално преносливи инфекции, дистрибуција на едукативни материјали. Во тек на првите три тримесечја опфатени се 787 лица со доброволно и доверливо тестирање за ХИВ и одржани се 162 едукативни сесии во училишта и колективи за начини на превенција на ХИВ и СПИ

 

  • Каскада на грижата за ХИВ

Во склоп на активностите за постигнување на глобалната цел на УНАИДС “90-90-90”, во Македонија за првпат беше спроведена научна студија за одредување на постигнатите резултатите за оваа цел.

Според резултатите, доколку се одземат досега починатите и иселени лица,  проценето е дека до крајот на 2017 во Македонија 402 лица живеат со ХИВ. Од нив досега се дијагностицирани 221 или 55% од проценетиот број на ЛКЖХИВ. Од дијагностицираните лица, 88,3% (195) се поставени на АРТ, додека од лицата кои се на АРТ кај 93,4% е постигната супресија на вирусот (Графикон 4). Ваквиот резултат говори во прилог на добрата грижа и успешен третман за дијагностицираните пациентите, но и потребата за зголемување на бројот на тестирања за ХИВ.

Графикон 4. Каскада на грижата за ХИВ во република Македонија до крајот на 2017 година

Графикон 4. Каскада на грижата за ХИВ во република Македонија до крајот на 2017 година