Во процесот на хармонизација со европската легислатива се наметнува потребата за вршење монитринг на резидуи на поширок спектар на  пестициди во храната и водата. Со цел да ги исполниме очекуваните барања како и барањата кои произлегиваат од мониторинг прорамата за храната која ја донесува Владата на РМ во Лабораторијата за контаминенти и екотоксикологија се вршат тестирања на:

  • Содржината на резидуите на органохлорни пестициди и органофосфорни пестициди во прехранбените производи и водата за пиење и тоа:
  • Содржината на микотоксини (секундарани производи на метаболизмот на мувлите кои можат да се развивијат под одредени услови на житариците, лешници, бадеми, кикирики и др.)
  • Освен испитување на содржината на резидуите на пестициди во прехранбените производи се вршат испитувања и на содржината на контаминентите на прехранбените производи, водите за пиење, површинските води, земјиштето и други видови на медиуми.

Оваа лабораторија е акредитирана (според ISO/IEC 17025:2005) за испитување на: органохлорни пестициди (HCB, αHCH, βHCH, γ HCH, σ HCH, aldrin, dieldrin) во вода и за определување на микотоксини (B1, B2, G1, G2)