Приемното одделение врши прием и земање на материјали (примероци) за бактериолошки, вирусолошки, паразитолошки, миколошки и серолошки анализи, како и издавање резултати од истите.

Се врши прием на примероци од воздух, брисеви од предмети за општа употреба и спори за проверка на стерилност.

Оваа лабораторија врши подготовка на хранливи подлоги, реагенси и раствори потребни за работата на микробиолошките лаборатории, како и дезинфекција, стерилизација и диспозиција на инфективниот отпад.

Началник на одделение: Dr. Мирка Шишковска, специjалист микробиолог