Од 14-16 октомври, 2014 година во Истанбул, Турција се одржа 3-от Форум на Меѓуагенциската Работна Група за Сексуално и репродуктивно здравје во состојба на кризи за источна Европа и и Централна Азија подржано од Фондот за население при обединетите нации (УНФПА) чија главна цел е воведување на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во состојби на криза.

На форумот учествуваа 18 земји членки од регионот и 76 учесници од различни институции од овие земји. Македонија  беше претставена со највисока делегација, предводена од г-дин Јовица Андовски, Заменик Министер за здравство, а со самиот Форум претседаваше Проф. д-р Михаил Кочубовски, Претседавач на Управувачкиот комитет на регионалната меѓуагенциска работна група на УНФПА за сексуално и репродуктивно здравје во состојба на кризи.

Минатата година, поради покажана посветеност, учество на релевантни владини и невладини претставници, Македонија беше избрана да претседава со Управувачкиот комитет на чие чело е Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Поради успешната работа во текот на минатата година, Македонија продолжува да претседава со ова тело и во 2015 година и ќе влече искуства од земјите од регионот кои неодамна се соочија со кризи, со цел изготвување на солиден систем за одговор при кризи во областа на репродуктивното здравје. Оваа активност е во согласност со активностите на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија за подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје, особено на мајките и новороденчињата.

За таа цел, како прв следен чекори за  имплементација на светските трендови по ова прашање, во тек е ревизија на Националниот план за подготвеност и одговор на здравствениот систем во состојба на кризи, во кој ќе се инкорпорира и делот за сексуално и репродуктивно здравје. За таа цел од страна на Министерството за здравство е формирана Комисија со учество на сите релевентни чинители.