Тренинг Модул во за напредни епидемиолошки методи (3)

 

Module-03-009-1По одржување на претходните два модула – првиот во Тунис од 27.10.-07.11.2014, со наслов Вовед во интервентна епидемиологија и вториот – во Мадрид од 02-06 февруари, на тема Компјутерски алатки за истражување на епидемија и мултиваријантни анализиво  рамките на MediPIET програмата финансирана од Европската Комисија, а под стручно водство на Европскиот Центар за Контрола на Болестите (ЕЦДЦ) и Институтот за јавно здравје Carlos III од Мадрид, во Белград беше одржан третиот теоретски модул –  „Напредни методи 2:  Анализа на временски серии и просторни анализи“.

На модулот кој се одржа од 23-27 март, 2015 во Институтот за јавно здравје на Р. Србија „Д-р МиланModule-03-127-1 Јовановиќ Батут“ беа присутни 46 јавно здравствени специјалисти од 13 различни земји меѓу кои: Тунис, Египет, Палестина, Либан, Грузија, Ерменија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Шпанија.

Македонија, како една од четирите земји кои се со акредитирани тренинг центри за MediPIET-Програмата, учествуваше се пет члена делегација составена од специјализанти во програмата, надворешни членови и супервизор (ментор)  на програмата.

Модулот беше отворен од  Д-р Драган Илиќ директор на Институтот за јавно здравје на Србија,
поздравен говор и кратко излагање имаа и Д-р Маја Крчмар Вукичевиќ од ЕУ делагацијата на Србија, Д-р Предраг Саздановиќ – Советник на Министерот за Меѓународна соработка и Европска интеграција од Министерството за здравство на Србија, како и претставници на MediPIET-тимот  –  Module-03-141-1 José Jaime de Domingo како MediPIET координатор и Д-р Adela Páez, MediPIET научен координатор.

Предавачи на модулот беа стручни лица од ЕЦДЦ – Стокхолм, Институтот за јавно здравје Карлос III, Универзитетот од Гирона – Шпанија, како и од Институтот за јавно здравје на Р. Србија.

Учеството на овој модул и успешно завршување на обуката за интервентна епидемиологија ќе овозможи континуирана едукација на стручните кадри од Македонија, преку пренесување на стекнатите вештини на стручњаците од земјата и секако  приближување до Европските стандарди во однос на епидемиолошкиот надзор над заразни болести.

Module-03-022-1

Линкови за повеќе информации:

Training module in Serbia on advanced epidemiological methods

Institute of PublicHealth of Serbia “Milan Jovanovic Batut”