logo semejstvo

Семејства во развој: Копенхаген и Пекинг + 25

Оваа година сe одбележува 25-годишнина на Декларацијата од Копенхаген и Платформата за акција од Пекинг и доаѓа во време на една од најпредизвикувачките глобално здравствени и социјални кризи. Пандемијата КОВИД-19 во 2020 година, се фокусира на важноста на социјалните политики за заштита на најранливите категории на лица и семејства. Тоа се семејства кои го носат товарот на кризата, ги чуваат своите членови од штети и загуби, се грижат за децата надвор од училиштето и во исто време, продолжуваат со работните обврски.

semejstvo 1

Семејството станаа центар на меѓугенерациски интеракции, кои нè поддржуваат во оваа криза. Во време на економската криза се продлабочува и сиромаштијата. Неизвесноста го зголемува стресот кој честопати резултира со зголемено насилството врз жените и децата. Затоа поддршката на ранливите семејства, оние кои немаат приходи или ги загубиле приходите во време на кризата, оние кои немаат соодветно домување, семејствата со мали деца, постарите лица и лицата со посебни потреби е повеќе од потребна, од кога и да било претходно.

На светско ниво, жените сè повеќе учествуваат во формалната и неформалната работна сила, додека продолжуваат да преземаат непропорционален товар на обврски и во домаќинството во споредба со мажите и се потешко постигнуваат рамнотежа помеѓу работата и семејството. Целта е овој проблем да се афирмира, а со самото тоа да се подигне свеста за родовата еднаквост во семејството.

Бидејќи светот се бори да одговори на кризата KОВИД-19, постои реална можност да се преиспита и да се трансформира начинот на кој функционираат нашите економии и општества, за да се поттикне поголема еднаквост за сите. Притоа, јасно е дека родовата еднаквост не може да се постигне без поголема еднаквост во семејството и дека на ова прашање, како и на многу други, Платформата од Пекинг, продолжува да дава визионерски план за тоа во кој правец треба да се движиме.

 

Семејни трендови

Семејствата ширум светот се менуваат, голем дел од семејствата стануваат помали, бидејќи расте бројот на домаќинствата со самохрани родители. Во моментов, 65% од сите семејства се составени од двојки кои живеат со деца на која било возраст или парови кои живеат со децата и со членови на поширокото семејство, како што се бабите и дедовците. Намалениот број на продолжени семејства и зголемениот број на семејства со самохрани родители, ставаат сериозен фокус на прашањето за социјалната заштита.

semejstva 2

 

Улогата на семејствата во развој е промовирана од Светскиот самит за социјален развој. Пораката од Копенхаген, точно после четврт век се однесува на развојот и гласи: „Целите на социјалниот развој, прават постојани напори за намалување и елиминација на главните причинители за социјалните проблеми и нестабилности во семејството и општеството“.

Важно е да се потсетимe дека Декларацијата исто така распознава „различни културни, политички и социјални системи и различни форми на семејства“. Светскиот социјален самит (WSS), го претстави концептот на рамнотежа во работничкото семејство, препорачувајќи зајакнување на политиките кои овозможуваат луѓето да ја комбинираат својата платена работа со семејните обврски. На самитот се истакна важноста за промовирање на еднаквоста помеѓу жените и мажите во семејството и животот во заедницата; ја истакна заедничката одговорност на мажите и ја промовира нивната активна вклученост во одговорното родителство. Програмата за акција на самитот, препорачува социјални и економски политики дизајнирани да ги задоволат потребите на семејствата со одредено внимание и грижа за децата. Подготовките за 20-годишнината од меѓународниот ден на семејството се детално фокусирани на специфичните препораки за намалување на сиромаштијата во семејството, зголемувања на семејната рамнотежа и унапредување на социјалната интеграција и меѓугенерациската солидарност. Работата за унапредување на семејните политики продолжува во контекст на Цели за одржлив развој. Релевантноста на поддршката, особено во семејно ориентирани политики за постигнувањето на целите, оние што се однесуваат на сиромаштијата, здравјето и благосостојбата, образованието и родовата еднаквост беа во фокус на експертските групи. Како знак на поддршка за Меѓународниот ден на семејствата, предвидени се голем број настани за подигнување на свеста и застапување во заедницата.

Годинешната прослава на Меѓународниот ден на семејството не потсетува дека целите од Копенхаген, се уште се релевантни во брзото менување на светот. Светскиот социјален самит послужи како катализатор за интегрирање на семејната перспектива во целокупното креирање на социјалните политики. Понатамошното унапредување на политиките за семејството во контекст на Агендата за 2030 година за одржлива развој, зависи од тоа колку добро се интегрирани прашањата за семејната политика во целокупното планирање на развој на национално ниво. Императив е ваквите политики, ефективно да одговорат на бројните предизвици со кои се соочуваат семејствата за време на оваа глобална здравствена и социјална криза.

Оддел за промоција и анализа на болести

 

Референци:

  1. https://www.un.org/development/desa/family/international-day-of-families/2020-2.html
  2. https://www.un.org/development/desa/family/wp-content/uploads/sites/23/2020/05/idf2020-copenhagen-background-note.pdf.pdf