Минатата година светот ја одбележа 30 годишнината од Меѓународниот ден на старите лица. Сериозно е влијанието што го предизвика пандемијата COVID -19 врз пострите лица ширум светот, не само врз нивното здравје, туку и врз нивните права и нивната благосостојба.Оваа година Обединетите нации Меѓународниот ден за стари лица го одбележуваат под мотото: “Дигитална рамноправност за сите возрасти” и се укажува на потребата за пристап и значајно учество во дигиталниот свет од страна на постарите лица.
Четвртата индустриска револуција која се карактеризира со брза дигитална иновација, со експоненцијален раст ги трансформираше сите сектори во општеството, вклучувајќи го и начинот на кој живееме, работиме и се поврзуваме едни со други. Дигиталните технологии, интернетот, мобилните телефони и сите други алатки за дигитално собирање, складирање и анализирање како и споделување информации забрзано се раширија низ целиот свет. Овие технологии овозможија дигитални јавни услуги, дигитално плаќање , учење преку интернет, online- аптеки и многу повеќе.Технолошките достигнувања нудат голема надеж за забрзување на напредокот кон Целите за одржлив развој (ЦОР). Сепак половина од глобалното население е off-line (надвор од мрежа, недостапно) а најострите разлики се рефлектираат меѓу повеќето и најмалку развиените земји сооднос 87% со 19%. Неодамнешните извештаи на Меѓународната унија за телекомуникации, укажуваат дека жените и старите лица доживуваат дигитална нееднаквост во поголема мера отколку другите групи во општеството. Тие или немаат пристап до технологија или честопати ги искористуваат во целост можностите што ги нуди технолошкиот напредок.Во меѓувреме додека напорите за поврзување на повеќе луѓе се во тек, се појавија нови ризици како на пример. Сајбер злосторства ( интернет криминал ) и дезинформации. Сите овие сегменти ги загрозуваат човековите права, приватност и безбедност на постарите луѓе. Брзото и енергично усвојување на дигиталната технологија ги надмина политиката и управувањето на национално, регионално и глобано ниво.Денес се обидува светот да ги реши овие предизвици со препорака за конкретна акција за искористување на најдоброто од овие технологии и ублажување на нивните ризици.Произлегува потребата да се подигне свеста за важноста од дигитално вклучување на постарите лица, истовремено справувајќи се со стереотипите, предрасудите и дискриминација поврзана со дигитализација, земајќи ги предвив социокултурните норми и правото на автономија.Помалку видливи но не и помалку загрижувачки се пошироките ефекти од глобалната криза:
- Одбиената здравствена грижа за состојби кои не се поврзани со COVID-19;
- Занемарување и злоупотреба во згрижувачки објекти;
- Зголемување на сиромаштијата и невработеност, драматично влијае врз благосостојбата и менталното здравје;
- како и траума,стигма и дискриминација.
Додека пандемијата се шири низ земјите со низок, среден и висок приход, потребата на старите лица исто така може да се разликуваат од потребите на останатите граѓани.Тешките болести и стапките на смртност кај постарите лица може да се зголемат доколку се кревки системите за здравствена и социјална заштита.Напорите за заштита на старите лица нетреба да ја занемарат разновидноста на постарите лица, нивната издржливост и позитивен дух, како и повеќекратните улоги што ги играат во општеството, вклучително и како негуватели, волонтери и водачи. Многу е важно да се препознае нивниот придонес, во актуелната криза, вклучително како здравствени работници и даватели на грижа. Нивните придонеси го поткрепуваат нашето општество, пред, за време и надвор од COVID-19 пандемијата.
Подготвил:
Оддел за здравствена промоција и следење на болести