Професионалните болести претставуваат водечка причина за смрт во однос на вкупниот број на регистрирани смртни случаи кои се поврзани со работата. Според проценките на Меѓународната организација на трудот (МОТ) од вкупно 2.34 милиони смртни случаи вкупно 12% т.е. само 321.000 случаи се поради повреда на работа. Останатите 2.02 милиони смртни случаи (86%) се поради болести поврзани со работата, што соодветствува на просечно 5.500 смртни случаи дневно.

Несоодветната превенција на професионалните болести има сериозно негативно влијание не само врз работниците и нивните фамилии, туку и врз целата заедница предизвикувајќи сериозни економски загуби, намалување на продуктивноста и оптеретувања на здравствениот и социјалниот систем на осигурување.

Здравје и безбедност на работа: Факти и податоци

  •  2.02 милиони работници умираат секоја година поради болести поврзани со работата.
  • 321,000 работници умираат секоја година поради повреди на работа.
  • 160 милиони болести поврзани со работа се регистрираат секоја година.
  • 317 милиони повреди на работа се регистрираат секоја година.

Тоа значи дека:

  • Секои 15 секунди умира еден работник поради повреда на работа или болест поврзана со работа.
  • Секои 15 секунди вкупно 151 работници имаат несреќа на работа.

Приклучувајќи се кон одбележувањето на Меѓународниот ден за безбедност и здравје на работа Институтот за јавно здравје го објавува Извештајот за повреди на работа во 2013 година кој е изработен во соработка со Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.