Микотоксините се отрови кои ги создаваат специфичен вид габи. Поволни услови за раст и развој на овие габи се високата температура и висок процент на влажност во складовите или при транспорт на зрнестата храна (житарици, кафе, кикирики и слични производи). Контаминацијата на храна со габи како Aspergillus spp. може да доведе до присуство на афлатоксин. Концентрациите на афлатоксин значително варира во зависност од начинот на одгледување, условите на складирање, уништувањето на инсекти и климата, и во зависност од видот на житариците и одгледувачот. Утврдени се афлатоксини во ореви и кикирики, во зрнести плодови како ориз, пченица и пченка, мешункасти, зачини и смокви.

Афлатоксин В1 е докажан канцероген агенс врз база на бројни експериментални студии и студии спроведени на луѓе и затоа припаѓа на прва група канцерогени агенси според класификацијата на IARC (Меѓународана Агенција за истражување на канцерот), Тој има хепатотоксично дејство, предизвикува хеапетоцелуларен карцином, односно карцином на црниот дроб. Афлаотксин М1 е метаболит на афлатоксин Б1 кој се создава во организмот на животните кои биле хранети со храна загадена со афлатоксин Б1 и потоа го излачуваат преку млекото. Тоа се многу ниски концетрации, но заради токсичноста, за нив се дефинирани многу ниски гранични вредности за да се заштити здравјето на луѓето.

Граничните вредности за присуство на афлатоксини и останатите микотоксини во храната се дефинирани во Правилникот за општите барања за безбедност на храната. На пример за афлатоксин М1 е 0,05микрограми/кг, а утврдената концетрација во испитуваното млеко “Лагано јутро” за афлатоксин М1 е 0,0152микрограми на килограм. Граничната вредност за афлатоксин М1 во млеко за доенчиња е уште пониска 0,025микрограми/кг со цел оваа вулнерабилна група да се заштити.
Заради изразито токсичнито и канцерогено дејство потребно е да се превзмат мерки за намалување или елиминација на присутвото на микотоксини во храната наменета за луѓето

Мерки за да се намали изложеноста на населението на микотоксини

  • Засилен надзор и контрола врз присуството на микотоксини во зрнестите прехранбени прехранбени призводи, житарици, млекото, млекото за доенчиња од увоз и од домашно производство
  • Контрола на млекото во однос на присуството афлатоксин М1, и тоа на увезеното млеко и млекото од домашно производство.
  • Контрола на житариците и другите зрнести производи во однос на присуство на афлатоксини, затоа што климатските промени во смисла на долги периоди со обилни врнежи и периоди со високи температури се почесто ќе придонесуваат за развој на мувлите во овие производи.
  • Контрола на сточната храна во однос на содржината на микотоксини, за која исто така постои висок ризик да биде контаминирана во услови на висока влажност и висока температура.
Подготвил
Доц.д-р Гордана Ристовска