• 26.04.2024

100 години Институт за Јавно Здравје!


 Денес славиме успех, пожртвуваност и посветеност!

Го прославуваме нашиот ден - денот на Институтот за Јавно Здравје во Република Северна Македонија!👩‍⚕️👨‍⚕️
Ден за да ги одбележиме нашите постигнувања, да се потсетиме на нашите успеси, борба за поздрава иднина, и да го празнуваме со нашите колеги, партнери и нашиот народ.
Сите ние сме дел од оваа приказна на успех и доследност 100 години!
Ветуваме дека и понатаму ќе бидеме во служба на народот, взаемно да си помагаме, да се едуцираме и заштитиме.
Со заедничко делување и инспирација за подобрување на здравјето на сите, како до сега така и во иднина.
100 години Институт за Јавно Здравје!
100 години чувар на јавното здравје!
100 години чувар на вашето здравје!