Лична заштитна опрема (ЛЗО) носат медицински и други немедицински лица кои се изложени или во близок контакт со КОВИД-19 пациенти.  Овие облеки обично се состојат од костум хазмат или непропустлива престилка, маска за лице, визир/очила и латекс ракавици. Иако се неопходни за заштита на работниците од вирусот, овие предмети го отежнуваат губењето на телесната топлина; особено, бидејќи потта не може лесно да испари. Работата во заштитна облека не само што ја намалува издржливоста и физичките перформанси на лицето, зголемувањето на температурата на јадрото на телото исто така може да ги намали когнитивните перформанси.

За да се минимизира оптоварувањето на топлина, се препорачува да се минимизира изолацијата на облеката и отпорноста на водена пареа. Сепак, последното е во судир со заштитата од вирусот САРС-КоВ-2. Непропустлива облека ја изолира човечката кожа од честички и вируси во амбиенталниот воздух и од капки, а со тоа спречува инфекција. Од друга страна, носењето непропустливи ЛЗО подолг период предизвикува оштетување на кожата и топлотно оптеретување.

Во топло време, додека носите ЛЗО, механизмите за губење на топлина не можат да се справат со произведената топлина и топлината останува во телото. Впрочем, за да се намали зголемувањето на температурата на јадрото на телото, треба да се намали интензитетот на работата, фреквенцијата,  времетраењето и тежината на ЛЗО.

Пиењето ладни течности го намалува складирањето на топлина во телото. Но, пијалоците треба да се пијат надвор од загадената област.

 

Конкретни мерки за намалување на топлинско оптоварување во ЛЗО

 

Научете како да ги идентификувате симптомите на болести поврзани со топлина кај себе и кај другите.

Станете аклиматизирани на топлина за да ја намалите почетната температура на јадрото на телото. Станувате аклиматизирани на топлина кога работите на топлина повеќе од еден час секој ден најмалку 7 дена.

Оладете се, хидрирајте се и опоравете се помеѓу смените, бидејќи топлинскиот стрес може да се зголеми со последователни денови на изложеност.

За време на работата: намалете го покачувањето на температурата на јадрото на телото преку прилагодување на интензитетот на работата.

Останете хидрирани и редовно јадете. Во случај на големо или продолжено потење, осигурете се дека се одржува рамнотежата на електролитите.

Намалете ги слоевите на облеката под ЛЗО.

Намалете ја дополнителната топлина од напор: минимизирајте ја опремата што ја носите, бидете ефикасни во движењата, темпирајте се.

Оладете се: пијте ладни течности или кашеста маса од мраз за време на паузите, пронајдете ладни места за одмор.

Користете распоред за работа/одмор за да го минимизирате прекумерното зголемување на топлината на телото.

Размислете за користење уреди за ладење под вашата заштитна облека како елек со мраз, итн.

Препознајте знаци на топлински стрес кај Вас и не чекајте да се чувствувате лошо пред да паузирате; заштитете се пред сè самите за да може да се грижите за другите.

Бидете свесни за индивидуалното ниво на ранливост (осетливост) како резултат на вашата возраст, физичка состојба, здравствени проблеми, лекови, бременост или недостаток на аклиматизација на топлина.

Вклучете се во активности за аклиматизација.

Одржувајте ја или подобрете ја аеробната кондиција кога е можно.

Нивоата на аклиматизација на топлината, топлинската толеранција, условите на животната средина, обемот на работа и ЛЗО значително ќе се разликуваат во и помеѓу работната сила што носи ЛЗО. Како такви, ова се општи принципи што треба да се земат предвид во поглед на Вашиот специфичен контекст и барања.

 

toplo