Почитувани колеги,

Силно ја поздравувам и подржувам идејата за одржување на научно стручниот симпозиум ДЕНОВИ НА ПРЕВЕНТИВНА МЕДИЦИНА кој ги интегрира во себе сите превентивни гранки во медицината, социјална медицина со здравствена статирстика, хигиена и здравствена екологија, микробиологија , епидемиологија и медицИната на трудот. Вашите заеднички напори во областа на превенцијата на болестите се клучен столб за унапредување на здравјето на населението.

Очекуваното време на траење на животот во Македонија изнесува  во 2012 изнесува 76 за жени и 73 за мажи додека во европската Унија изнесува над 80 години. Тоа значи дека постои широко поле за делување на превентивните здравствени дејности за продолжување на животниот век, но не само тоа и подобрување на квалитетот на животот од аспект на здравствена состојба и здарвствени услуги.

Република Македонија ја прифати заложбата за значително подобрување на:

  • здравјето и добросостојбата на населението, намалување на здравствените
  • нееднаквости, обезбедување здравствен систем во кој централно место ќе имаат
  • корисниците и кој ќе биде универзален, правичен, одржлив и со висок квалитет.

Една од клучните области е јавното здравје, и се однесува на сите организирани мерки со цел да се спречи болеста, промовира здравјето и да се продолжи животот кај населението како целина. Овие активности имаат за цел да обезбедат услови во кои луѓето можат да бидат здрави, притоа делувајќи на ниво на население, а не на ниво на пациент.

Пристапот „Здравјето во сите политики”, преку ангажирање на целата влада и целото општество во одговор на мултисекторските прашања на

јавното здравје, кои нé засегаат сите нас. Овој пристап веќе е стратешки планиран во неколку документи кои се подготвени во измината година, започнувајки со Стратегијата Здравје 2020, Стратегијата и Акцискиот план за јавно здарвје. Овие два значајни документи се разгледувани и одобрени на Комитетот за здравје и животна средина и веќе се во процедура при Владата на РМ. Тоа значи дека го очекуваме скорото усвојување и дејствување според нив.

Еден од столбовите на овие стратешки документи е јакнење на јавноздравсвствените капацитети со посебен осврт на хуманите ресурси. Само квалитетни и доброобучени експерти од превентивните гранки на медицината и сродни гранки можат да ги реализираат посатвените цели.

Очекувам успешен симпозиум кој ќе ги зајакне врските и соработката меѓу превентивните гранки и посакувам да премине во традиција во кој ќе земат учество и експерти од другите земји во регионот и пошироко.

Посакувам за сите нас успешна работа со реализација на основната порака ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ –  СИТЕ ЗА ЗДРАВЈЕ