Институтот за Јавно Здравје на Македонија во континуитет ја следи здравствената состојба на граѓаните на државно ниво и пошироко.

Поради тоа што Македонија е опфатена од жолтата фаза, од Институтот за Јавно Здравје на РМ повикуваат за почитување на општите препораки за заштита од високите температури:

-       Заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот.

-       Облекување на лесна облека, додека за време на директното изложување на сонце да носат заштитни очила и капа (отворените бои ја одбиваат светлината).

-       Да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички примпремени производи, како на пример мајонез од домашните  јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

-       Потребно е да се внесува поголема количина на течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци. – За време на овие многу топли денови, останете во затворени простории (воглавно климатизирани), а кога е потребно да бидете надвор за овој временски период, најдете можности за почести одмори под сенка.

Најзасегнати пациенти од покачувањето на температурите се овие категории на болни:

Отежнување на серија хронични болести: особено хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.

 Гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна.

Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неприпремен зеленчук, неприпремена или неправилно конзервирана храна како: месото, јајцата, саламите, морските плодови, млекото, салатите итн.

Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.

Бројот на здравствените прегледи во Здравствените Установи во земјава е зголемен овие денови како резултат на покачувањето на температурите.