Почитувани,
Институт за јавно здравје на Република Македонија ВЕ ПОКАНУВА, на конференција за печат по повод презентација на резултати од истражувања кај децата на училишна возраст во врска со употреба на психоактивни супстанци, ЕСПАД (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs), 2015 и GYTSRM 2016 (Global Tobacco Use Survey in the Republic of Macedonia), согласно следната агенда:
12:30- 12:45 | Резултати од истражување за употреба на психоактивни супстанци кај младите во Република Македонија, ЕСПАД 2015 Презентер: М-р д-р Силвана Ончева, главен истражувач за ЕСПАД во РМ, Институт за јавно здравје |
12:45- 13:00 | Резултати од истражување за употреба на тутун кај младите во Република Македонија, 2016 Презентер: Проф. д-р Елена Ќосевска, главен истражувач за Глобалното истражување за употреба на тутун (GYTSRM), Институт за јавно здравје |
13:00-13:30 | Дискусија и дистрибуција на публикации од Извештаите за истражувањата |
Конференцијата за печат ќе се одржи на 21.12.2016 година со почеток во 12,30 часот во просториите на Институт за јавно здравје (Горна сала).
Покрај претставници на мас медиумите, поканети се претставници на Министерството за здрaвство, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, 10-те центри за јавно здравје, Психијатриската болница од Скопје,ХОПС и други.
Со почит,
Институт за јавно здравје