Институтот за јавно здравје на РМ и Институтот за јавно здравје и животна средина (RIVM) во Билтховен потпишаа Меморандум за соработка и партнерство.

Во периодот фебруари-април 2011 година, во рамките на т.н. МАТРА проекти кои ги финансира Владата на Кралството Холандија, 12 експерти од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) имаа тренинг и едукација во еден од најврвните институти за јавно здравје во светот.

Областите каде што се вршеше тренинг се современи пристапи во следењето на здравствениот статус на населението, методи за предвидување и управување со современите инфективни болести како и високософистицирани лабораториски техники во вирусологијата.

Стручњаците од ИЈЗ ќе ги пренесат стекнатите знаења на колегите од овие области во Републиката. Успешната сорбатка, ИЈЗ и RIVM ја крунисуваат со потпишување на Меморандум за соработка и партнерство кој меѓу другото ке биде основа и за заеднички настап во идните меѓународни проекти од областа на јавното здравје.

Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на Институтот за Јавно здравје на РМ Шабан Мемети и г-дин Ерик Смит, преставник на RIVM во присуство на нејзината Екселенција, Амбасадорката на Кралството Холандија г-ѓа Филипини