Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија изврши обука на тема „Управување со отпад од цитостатици) на 29 стручни лица од Универзитетска Клиника за онкологија и радиотерапија-Скопје, Клиничка Болница-Битола, Универзитетска Клиника за детски болести-Скопје оддел за онкологија, Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје, Институт за јавно здравје на Република Македонија, ЈУ од областа на здравство за потребите на Јавни здравствени установи, Универзитетски Клиники, Завод и Ургентен Центар, Клиника за дигестивна хирургија, Клиничка аптека и Клиника за гинекологија и акушерство. Целта на обуката е решавање на проблемот со безбедно управување и отстранување на отпад од цитостатици, во функција на превенција од потенцијални штетни здравствени ефекти кај вработените во здравствените установи. Подготвен е и Прирачник за безбедно управување со отпад од цитостатици и презентација во Power Point. На сите учесници им се поделени Прирачникот и презентацијата. Прирачникот за безбедно управување со отпад од цитостатици е постиран на Веб страната на Институтот за превземање од сите заинтересирани.
- февруари 13, 2015
- Информации
Поврзани Написи

Видео: Три нови случаи на заболени од морбили
Прим. Д-р Жарко Караџовски, Институт за јавно здравје на РМ Извор: 24 ТВ
ПРЕПОРАКИ ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА ОД ШТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ ЕФЕКТИ ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
На поголемиот дел од Европа ова лето му се закануваат опасни топлотни бранови, објави метеоролошкиот…