ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија во рамките на Националната Програма за јавно здравје на Република Македонија ја преведе од англиски на македонски јазик публикацијата на СЗО со наслов „ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ЦВРСТИТЕ ЧЕСТИЧКИ – Политички импликации за земјите од источна Европа, Кавказ и централна Азија”.
Преводот на публикацијата го изврши Проф. д-р Михаил Кочубовски, од ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија.
Текстот е организиран во тринаесет поглавја, и тоа: благодарност, кратенки, вовед и контекст, за што се важни честичките, од каде потекнуваат цврстите честички, кои се нивоата на и трендовите на цврстите честички во Европскиот регион на СЗО, кои се здравствените ефекти од цврстите честички, кој е товарот од болести поврзани со изложување на цврстите честички, СЗО AQGs, докази за ефектите од подобрување на квалитетот на воздухот, управување со квалитетот на воздухот и политика, заклучоци и референци.
Содржините во секое поглавје се изнесени јасно, со стручен но разбирлив јазик и стил за оние на кои им е наменет, пред сé за политичарите и стручните лица за проценка на здравствено-еколошките ризици од цврстите честички.
Во публикацијата понудени се најнови меѓународни сознанија и референци од областа на управување на квалитетот на воздухот во поглед на загадување со цврсти честички и здравствено-еколошкиот ризик за луѓето.
Со оглед на постојната состојба со нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух заради зголемените концентрации на цврсти честички во поголемите градови во Република Македонија на мислење сме дека оваа публикација ќе придонесе во поглед на подобрување на состојбата и унапредување на здравјето.
Промоцијата на публикацијата беше спроведена на 15.01.2014 година во присуство на голем број од јавните медиуми.

ПРЕВЗЕМИ ПУБЛИКАЦИЈА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ЦВРСТИТЕ ЧЕСТИЧКИ