Интрахоспиталните инфекции, заедно со резистенцијата на микроорганизмите кон антимикробните средства, во моментов се едни од најактуелните проблеми како во светски рамки, така и во земјите од регионот во кој што спаѓа и нашата држава.

Република  Македонија од 2013 година активно е вклучена во CAESAR мрежата за следење на антимикробната резистенција. Статистички гледано, ако добро се разгледаат податоците од ECDC, и податоците од оваа CAESAR програма во која што учествуваат земјите што не се членки на ЕУ, ќе се забележи дека ситуацијата во нашите земји е на незавидно ниво. Високите проценти на резистенција кон антибиотиците, споредено со земјите од западна Европа, ни е само еден показател повеќе дека мора сериозно да пристапиме и кон проблемот со инфекциите стекнати во болничка средина бидејќи тие два проблеми се тесно поврзани меѓу себе.

Eден од условите за влез во Европската Унија е и превенцијата на интрахоспиталните инфекции. Овој состанок е значаен за споделување искуства и донесување на заклучоци за понатамошна соработка во регионот и полесно интегрирање во програмите на ЕУ. Подобрувањето на состојбата со следењето и превенцијата на интрахоспиталните инфекции треба да бидат една од приоритетните задачи на сите ,,policy makers,, во зејава и регионот.

Институтот за јавно здравје на Република Македонија активно вложува напори да ја унапреди состојбата со интрахоспиталните инфекции во Република Македонија и како таков се јавува како покровител на овој стручен состанок, истакна Директорот на Институтот за јавно здравје на РМ, асс. д-р Шабан Мемети.

20150327_143613

 

Директорот на Институтот за јавно здравје на РМ, асс. д-р Шабан Мемети и Претседателката на Македонското здружение за контрола на интрахоспиталните инфекции, Проф. д-р Каќа Поповска
 
IHI