Од 10-11 март 2016 година во Братислава, Словачка, се одржа заеднички состанок на работна група за Европската мрежа за надзор над ХИВ/СИДА, а во организација на Светската здравствена организација за Европа (WHO/Europe) и Европcкиот центар за надзор на заразни заболувања (ECDC).

На состанокот учествуваа 53 држави од Европскиот регион,  како и претставници на регионалните канцеларии, како и стручни лица од областа за надзор над ХИВ/СИДА, ECDС, UNICEF, IUSTI, EMCDDA, Global fund, Европска комисија, претставници од канцеларијата на СЗО/Европа, Институти за јавно здравје, Американскиот центар за контрола на заразни болести, претставници од граѓанско општество, НВО, итн.

Македонија беше претставена од Прим. д-р Жарко Караџовски, од Институтот за јавно здравје, национален контакт за испраќање податоци за ХИВ/СИДА до СЗО и Европcкиот центар за надзор на заразни заболувања, како и Национален координатор за заразни заболувања, односно, одговорно лице за размена на податоци.

Целта на состанокот беше дискусија околу надзорот на податоците, и негово искористување во Националното информирање за превенција и контрола на ХИВ, преку конструирање на надзор базиран на ХИВ континуум за грижа, првенствено во Европа и Централна Азија.

Главни точки на дискусијата беа:

  • овозможување на ажурирање на скорешниот глобален и регионален развој на случаите на ХИВ,
  • споделување на искуства и практики преку Европскиот формат за известување и спроведување на проценка на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА.
  • дискусија околу понатамошно спроведување на ХИВ тестирања,
  • истражување на можностите за поврзување на надзорот на случаите на европско ниво,
  • ревидирање на податоците и идни насоки за подобрено складирање на податоци за ХИВ/СИДА и
  • анализа во поглед на постоење на ревидирана база на податоци, понатамошни директиви за собирање и анализа на податоци за третирање на болеста, вирална супресија и смрт.