Во периодот од 16.05-18.05.2022, во хотелот “Александар Палас” беше одржана тридневна работилница за стратегиска проценка на ризици, користејќи нова стратешка алатка за проценка на ризиците (Strategic Tool for Assessing Risks – STAR).
Работилницата беше одржана од тимот на СЗО составен од Др.Рави Ибрахим, Др.Исме Хумолли и Арта Кули, а учествуваа тимови од повеќе институции, кои се директно вклучени во менаџирање и справување со кризи:
- Институт за јавно здравје – (Оддел за епидемиологија на заразни болести), кој го претставуваа прим. д-р. Жарко Караџовски, спец. д-р. Катерина Ќирковиќ Колевска, др.Ина Трајковска и др.Бадр Кенаноглу,
- Министерство за здравство,
- Министерство за внатрешни работи,
- Министерството за животна средина,
- Центар за управување со кризи,
- Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија,
- Агенција за храна и ветеринарство,
- Министерството за цивилна одбрана,
- Црвен крст и
- Итна медицинска помош.
Проценката на ризикот овозможува правилно планирање и приоритизирање на напорите за спречување, мигрирање, рано откривање, подготовка за ефикасен одговор и справување со одредена здравствена вонредна состојба или природна катастрофа.
Алатката која беше претставена, вклучува 6 клучни чекори:
- идентификaција на опасноста (пр. заразна болест, поплави, пожари, земјотреси…) и опис на најверојатното сценарио кое бара активирање на национален одговор
- проценка на ризик
- проценка на влијанието на ризикот врз земјата
- определување на нивото на ризик
- клучни препораки и приоритетни активности врз основа на рангирањето на ризикот
- интегрирање на препораките во националниот и субнационалниот процес на акциско планирање
Во работилницата активно учествуваа сите учесници, со работа во групи, под менторство на Др.Рави Ибрахим и Др.Исме Хумолли. Се подготвија презентации и можни сценарија, како и планови за успешно справување со здравствени кризи и природни катастрофи. Новата STAR алатка помага во брза и ефикасна проценка на ранливост и ризик, со цел да ги унапреди и надгради плановите за справување со вонредни ситуации.
Истовремено ја подобрува и олеснува комуникацијата помеѓу институциите кои се вклучени во активностите за справување со кризи, со заедничка цел – подготвеност за итни случаи, распределба на ресурсите за сценарија со највисоко ниво на ризик и успешно справување со одредена кризна состојба.
Фотографии:ИЈЗ, СЗО