sl 1

South East European Network for Food Safety and Quality Control (SEEN FSQC)

Во Загреб, Хрватска на 28 и 29 октомври се одржа иницијативен состанок за оформување на мрежа на Југоисточна Европа за безбедност и квалитет на храната на кој учествуваа директорот на Институтот зајавно здравје, асс. д-р Шабан Мемети и доц. д-р Гордана Ристовска. Улогата на мрежата ќе биде пред се заштита на здравјето на потрошувачите и издигање на јавното здравје на повисоко ниво кога е во прашање безбедноста на храната, усогласување на стандардите кои произлегуваат од националната или мегународната легислатива, едукација и размена на знаења, експерти и услуги. Една од целите на Мрежата ќе биде заеднички настап пред Европскиот фонд за регионален развој, Horizon 2020, Erasmus и други.

Досега 11 земји од регионот се изјаснија за учество во мрежата, покрај Хрватска како иницијатор и членка аод ЕУ, се приклучуваат, Македонија,Србија, Босна и Херцеговина,  Албанија, Косово, земјите членки од ЕУ, Грција, Бугарија Романија, Австрија, Словенија и Унгарија. Во мрежата како основачи ќе бидат застапени јавноздравствени институци, приватни компании кои работат на полето на  безбедноста на храната и научни институции како што  се Факултети и истражувачки институти. Директорот ас. д-р Шабан Мемети ја подржа идејата за основање и изрази подготвеност и волја за приклучување кон регионалната мрежа.

Воспоставувањето и функционирањето на ова мултисекторско и интернационално здружение ќе донесе повеќе кратен бенефит,   пред се за здравјето на 70 милиони луѓе, колку што живеат во регионот, но и ќе го олесни прометот со храната,  а тоа ќе значи истовремено и економска добивка.