Направете самопреглед на кожата еднаш месечно со помош на огледало:

Вашата контрола треба да го опфати целото тело, напред и назад, со посебено внимание на областите изложени на сонце.

samopregled na koza 1

Прегледајте го лицето, вклучувајќи го и носот, усните, усната шуплина и ушите.

samopregled na koza 2

Прегледајте го скалпот, користете чешел за да ја делите косата на слоеви. Ако немате многу коса, не заборавајте да го прегледате целиот скалп многу темелно.

samopregled na koza 3

 Прегледајте ги дланките од предната и задната страна, помеѓу прстите и ноктите.

 samopregled na koza 4

Потоа фокусирајте се на вратот, стомакот и градите  (жените треба добро да го прегледаат делот под дојките).

 samopregled na koza 5

Подигнете ја раката за да ја проверите надлактицата и пазувите.

samopregled na koza 6

Со помош на мало огледало во големо огледало прегледајте ги тилот, рамењата, грбот и задниот дел на бедрата.

samopregled na koza 7

Проверете ги задникот и задниот дел од нозете. Завршете со проверка на стапалата.

 

СОМНИТЕЛНИ ЛЕЗИИ НА КОЖАТА

Има 4 главни видови сомнителни лезии на кожата

Melanoma

melanoma 1

melanoma 2

Ова е најретката форма на рак на кожата, но исто така и најопасна. Може да се појави кај луѓето во било која возраст, за разлика од другите видови кои се почести кај постарите лица. Се појавува како дамка која станува темно пигментирана или се развива со неправилни рабови или различно се пребојува со текот на времето, или пак е розова или црвена грутка. Може да се шири внатрешно, така што е неопходен итен третман.

Basal cell carcinoma

basal cell carcinoma 1

basal cell carcinoma 2

Ова е најчестата форма на рак на кожата, но исто така и најмалку опасна. Обично се појавува како елевација со сјаен раб сличен на бисер, рана што не заздравува или груба грутка која со текот на времето полека расте. Доколку не се лекува, може да улцерира и да ги нападне подлабоките ткива.

Squamous cell carcinoma

squamous cell carcinoma

squamous cell carcinoma 2

Ова е втората најчеста форма на рак на кожата, која се јавува на деловите кои се најмногу изложени на сонце, како што се лицето и скалпот. Таа претставува сунѓереста грутка која може брзо да расте, да улцерира и да влажи. Може брзо да се шири, особено ако е на усните, ушите, на прстите на рацете и нозете, или кај лица со намален имунитет.

Хируршки третман за отстранување на лезиите е од суштинско значење.

Actinic keratosis

actinic ceratosis

actinic ceratosis 2

Ова се случува најчесто кај средовечни и стари лица, на областите кои се најмногу изложени на сонце како што се лицето, вратот, ушите, задниот дел од рацете и скалпот. Се појавува како црвено-кафена сува и груба бемка на кожата. Лезиите се пред-канцерозни; 10-15% од случаите може да се развијат во сквамозен клеточен карцином, затоа треба да се третираат за да се спречи прогресија.

Подготвил:

Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести