
Ракот на дојка е болест кај која клетките на дојката растат неконтролирано.
- Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените и најчеста причина за смрт.
- Секоја осма жена ќе се соочи со ова заболување во текот на својот живот.
- Смртноста од рак на дојка е повисока во земјите со низок и среден приход, додека во развиените земји смртноста е пониска.
- Во Р.С.Македонија стапката на морталитет од рак на дојка во 2020 година изнесува 32,2 на 100000 жени.
- Бројот на заболени и умрени жени од рак на дојка се зголемува со возраста, значително по 45-тата година од животот, а најчесто над 50-годишна возраст.
- Повеќе од 90% од заболените од карцином на дојка може да се излечат ако дијагнозата се постави во рана фаза и се лекуваат правилно.
СКРИНИНГ НА РАКОТ НА ДОЈКА КАЈ ЖЕНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (презентација pptx)