Институтот за јавно здравје на РМ, ќе одржи Прес конференција по повод здравствено-превентивната кампања за подигнување на јавната свест во борбата против ракот на кожата под мотото “НЕ ГО ИГНОРИРАЈТЕ РАКОТ НА КОЖАТА! РАКОТ НА КОЖАТА МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ И АКО СЕ ОТКРИЕ РАНО, МОЖЕ УСПЕШНО ДА СЕ ИЗЛЕКУВА! ”
Прес конференцијата ќе се одржи во Институтот за јавно здравје на РМ, во горна сала, на 15.05.2014 година во 11 часот.
Основните цели на кампањата се:
• информирање за факторите на ризик за настанување на ракот на кожата;
• информирање за клиничките знаци и симптоми во почетен стадиум на развој на меланом и други типови на рак на кожа;
• информирање на населението за опасностите од прекумерното изложување на сонце и солариуми;
• запознавање со правилните начини за заштита на кожата од штетното дејство на ултравиолетовото зрачење од природни и вештачки извори.

Со свои излагања ќе настапат:
Проф. д-р Елена Ќосевска, Институт за јавно здравје на РМ;
Прим. д-р Небојша Пешиќ, директор на Универзитетска клиника за дерматологија
Ас. д-р Зорица Зафировиќ, Универзитетска клиника за дерматологија, претставник на РМ за Еуромеланома кампања – Европска кампања за превенција на рак на кожа;
Прим.д-р Агрон Старова, Универзитетска клиника за дерматологија.