Со поддршка на Министерството за здравство Институтот за јавно здравје на Република Македонија по 15 пат, оваа година ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Традиционално, Институтот за јавно здравје организира активности за подигање на свеста кај општата популација за здрав стил на живот и превeнција на ризик факторите кои доведуваат до  кардиоваскуларни заболувања и последици од нив.

Оваа година, Светскиот ден на срцето се одбeлежува под слоганот „Избори за здраво срце за секого, секаде“.

Главниот настан ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка во Скопје на 27 септември (недела) од 10,00 до 14,00 часот со следниве активности:

  • бесплатни превентивни прегледи,
  • фотографирање со мобилни телефони – селфи портрети од волонтери на НВО Здрава иднина со секој кој ја поддржува акцијата, а сликите ќе бидат објавени на веб страницата на Светската кардиолошка федерација, на Facebook, на веб страницата на Институтот за јавно здравје
  • дистрибуција на пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце,
  • ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и здравите навики

Во 12,00 часот ќе започне пригодна програма на која ќе учествуваат актери од сите возрасти, а претставник на Институтот ќе ги презентира најновите податоци и информации во врска со заболеноста и смртноста од кардиоваскуларни болести во Република Македонија и светот.    

Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција на КВБ, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи од јавниот и приватниот сектор.

Со почит,

Институт за јавно здравје