Директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети на покана на Европскиот центар за превенција и контрола на заразни заболувања-ECDC, во периодот од 26 до 27 ноември, во Стокхолм, Шведска присуствуваше на координативен состанок на национални соработници на Европската унија, од областа на заразните заболувања, на кој учествуваа земји-членки за влез во ЕУ, како и останати експерти од областа на заразните заболувања.

На овој состанок беа разменети информации со останатите земји во регионот и разменети искуства, коишто се од клучно значење за успешна соработка меѓу Европскиот Центар за контрола и превенција на болестите (European Centre for Disease Prevention and Control – ECDC) и земјите кандидати за членство во ЕУ.

Притоа, посочено беше значењето на унапредување на соработката помеѓу различни типови на активности во рамки на ECDC за претпристапната помош, како и за градење на капацитетите во областите на ECDC експертиза (на пример, за микробиолошка лабораторија, обука за теренска епидемиологија, надзор на постојните капацитети и сл).

Во оваа смисла, беше посочена потребата за натамошна соработка за регионално вмрежување и градење на капацитети на европскиот надзор на заразни болести , што се смета како дел од ECDS претпристапната помош за земјите членки, со цел зајакнување на соработката во јавното здравство од областа на микробиологија, и беше побарано да се разгледа можноста за воспоставувањето набљудувачи за областа микробиологија во земјите членки и на тој начин да им се овозможи да се приклучат на ECDS лабораториските мрежни активности со активен статус на набљудувач.

Земјите кандидати за членство, од Генералниот директорат за здравство (DJ SANCO-Directorate General for Health and Consumer Affairs) и од ECDC добија преглед на заедничкa иницијатива за спроведување во сите земји-членки, во однос на раководен кадар, методологија, процес, барања и други предуслови за натамошно унифицирање и унапредување на постојните капацитети