Министерство за здравство на Република Македонија и Институтот за јавно здравје на РМ, ќе одржат Прес конференција по повод одбележување на „Март- месец на борба против колоректален карцином (КРК)”.
Прес конференцијата ќе се одржи во Институтот за јавно здравје на РМ, во горна сала, на 14.03.2014 година во 11 часот.
Целта на конференцијата е да се запознаат граѓаните на РМ, дека продолжува опорунистичкиот скрининг на КРК и во 2014 година. Со овој скрининг се опфатени лицата на возраст од 50-74 години. Промоција на скрининг програмата и подигање на свеста на граѓаните е со цел да се превенираат малигните заболувања кои претставуваат една од водечките причина за смртност како во светот така и кај нас.
На конференцијата ќе бидат промовирани резултатите од скрининг на КРК за 2013 год. како и целокупната состојба со морбидитет и морталитет на КРК во државата.

Учество на Прес конференцијата ќе земат:
Асс. д-р Шабан Мемети, В.Д. Директор на ИЈЗ на РМ;
Прим. д-р Јованка Костовска, – Министерство за здравство на РМ;
Проф. д-р Никола Јанкуловски, – Медицински факултет – Скопје;
Г-ѓа Биба Додева, – НВО, Борка;
Д-р Лили Чолаковска, – Председател на здружение на матичните лекари на РМ;