На 2. април 2017 година во Кишињев, Молдавија, се одржа предминистерскиот состанок за незаразни болести (НЗБ) на земјите членки на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN). Состанокот, кој претходеше на министерскиот форум на SEEHN, имаше за цел да го разгледа прогресот на земјите од мрежата во однос на достигнувањето на целите од Рамката на СЗО за следење на незаразните болести до 2025 година.

IMG_3131

Состанокот беше координиран од Канцеларијата на СЗО за Европа, а го водеа д-р Гауден Галеа, директор на програмата за НЗБ и д-р Жоао Бреда, директор на дисперзираната канцеларија на СЗО за НЗБ во Москва.

Националниот соработник на Министерството за здравство за соработка со СЗО во областа на НЗБ д-р Игор Спироски, од Институтот за јавно здравје на РМ, го претстави прогресот на РМ и учествуваше во работата на работната група која ја подготви изјавата на земјите членки на SEEHN. Изјавата ќе биде прeтставена на Европскиот состанок за НЗБ што ќе се одржи во јуни 2017 година во Москва, Русија. Овие активности се во насока на глобалниот извештај за напредок за НЗБ, кој во септември 2018 година ќе биде претставен на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

IMG_3129