СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 23.05.2020

Тестирани се вкупно 508 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 188 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи. Од таргетираниот скрининг во домови за стари лица во Скопје, тестиран е еден примерок и истиот е позитивен.

Регистрирани се вкупно 37 нови позитивни лица (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 23.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 12 0
Куманово 8 0
Тетово 7 0
Струга 4 0
Штип 2 0
Прилеп 2 0
Охрид 2 0
Вкупно 37 0

 

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најголем дел (n=10) се од возрасната група на лица на возраст над 60 години. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 23 од женски и 14 од машки пол.

Регистрирани се 7 хоспитализирани лица. Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 11 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Не е пријавен смртен случај.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 23.05.2020, пријавени се вкупно 1.978 случаи на COVID-19 (I=95,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Дебар и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.978 95,6 113 5,5 5,7%
Скопје 713 115,4 25 4,0 3,5%
Куманово 433 303,5 21 14,7 4,8%
Прилеп 210 220,3 14 14,7 6,7%
Тетово 172 86,1 15 7,5 8,7%
Велес 127 191,7 8 12,1 6,3%
Струга 75 110,5 15 22,1 20,0%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Штип 40 75,9 2 3,8 5,0%
Кочани 31 64,6 2 4,2 6,5%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Охрид 23 41,0 0 0,0 0,0%
Гостивар 21 17,5 2 1,7 9,5%
Неготино* 10 42,6 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Струмица 3 3,2 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Кичево 2 3,5 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Валандово 1 8,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Свети Николе 1 4,9 0 0,0 0,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 303,5 заболени на 100.000 жители, Прилеп (220,3/100.000), Велес (191,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (115,4/100.000) и Струга (110,5/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Штип, Кочани и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

24.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 945 машки и 996 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 91,2/100.000, додека кај женските 96,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 435 (22,0%) со инциденца од 113,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 145,3/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (404 заболени). Најниска инциденца од 33,2 и 36,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 76 и 92 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.978)

24.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.978)

24.5.3

Од пријавените случаи, 25,9% (n=512) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,0%), кашлица (53,1%), малаксаност (37,8%), треска (19,8%), главоболка (14,6%), болка во грло (14,6%) и отежнато дишење (14,4%).

Кај 638 или 32,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 478 или 74,9% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 609 (30,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 422 лица имаат кардиоваскуларна болест, 139 дијабет, 102 се со хронична белодробна болест, 27 со хронична бубрежна болест и 91 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 273 (53,3%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 258 (13,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 113 смртни случаи (Лт = 5,7%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=73) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 19,0/100.000 жители. Регистрирани се 78 смртни случаи кај лица од машки и 35 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 84 (74,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=60), дијабет (n=22) и белодробна болест (n=21). Девет (8,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 104 (92,0%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (4,9%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020 (Графикон 2). Вкупно 1.170 лица (59,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 22.05.2020 тестирани се вкупно 25.270 материјали (детектирано 1.978 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 12.213 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=25.270)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 25.270 1.978 2.248 3 23.022 1.975
ИЈЗ – Вирусологија 16.278 1.556 1.336 2 14.942 1.554
Ветеринарен Факултет 702 66 0 0 702 66
Авицена 666 48 0 0 666 48
Биотек 1.466 53 0 0 1.466 53
Жан Митрев Клиника 4.020 178 0 0 4.020 178
Систина 810 30 0 0 810 30
МАНУ 1.328 47 912 1 416 46

Според исходот од заболувањето, 443 лица (22,4%) се активни случаи, 1.422 случаи (71,9%) се водат како оздравени (237 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 285 (20,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.137 (80,0%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.978)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 199 489 25 713
Куманово 34 378 21 433
Прилеп 48 148 14 210
Тетово 77 80 15 172
Велес 43 76 8 127
Струга 8 52 15 75
Дебар 47 4 51
Штип 5 33 2 40
Кочани 29 2 31
Битола 7 19 2 28
Охрид 8 15 23
Гостивар 4 15 2 21
Демир Капија 2 5 7
Крива Паланка 1 5 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Неготино 1 2 3
Пехчево 1 2 3
Виница 1 2 3
Крушево 2 1 3
Струмица 1 2 3
Кратово 1 1 2
Пробиштип 2 2
Македонски Брод 2 2
Кичево 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Свети Николе 1 1
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 443 1.422 113 1.978

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.978)

24.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

Со одлука на Владата, се прогласи забрана за движење од 11:00 часот во недела на 24-ти мај до 05:00 часот наутро во вторник на 26-ти мај.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 23.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво5.103.006 (109.536 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 333.401 (5.663 нови)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.282.488 (221 нов)
    • Смртни случаи – 135.184 (579 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.987.657 (413 нови)
    • Смртни случаи – 172.958 (1.631 нов)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 919 (13.331 нов)
    • Смртни случаи – 806 (158 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 182.278 (119 нови)
    • Смртни случаи – 5.556 (209 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 172.696 (948 нови)
    • Смртни случаи – 6.844 (27 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 74.256 (504 нови)
    • Смртни случаи – 040 (59 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 24.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје