СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 24.05.2020
Тестирани се вкупно 258 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 13 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи.
Регистриран e 21 нов позитивен случај од 4 градови во државата (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 24.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 12 | 0 |
Тетово | 5 | 0 |
Куманово | 3 | 0 |
Штип | 1 | 0 |
Вкупно | 21 | 0 |
Девет од регистрираните случаи во Скопје припаѓаат на фамилијарен кластер.
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапени се возрасните групи од 0-9, 30-39 и 50-59 години со по 4 лица. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 11 лица од женски и 10 од машки пол.
Регистрирани се 5 хоспитализирани лица. Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови регистрирани случаи само еден нема историја на контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 11 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Не е пријавен смртен случај.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 24.05.2020, пријавени се вкупно 1.999 случаи на COVID-19 (I=96,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Дебар и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет | Леталитет |
Вкупно | 1.999 | 96,6 | 113 | 5,5 | 5,7% |
Скопје | 725 | 117.4 | 25 | 4.0 | 3.4% |
Куманово | 436 | 305.6 | 21 | 14.7 | 4.8% |
Прилеп | 210 | 220.3 | 14 | 14.7 | 6.7% |
Тетово | 177 | 88.6 | 15 | 7.5 | 8.5% |
Велес | 127 | 191.7 | 8 | 12.1 | 6.3% |
Струга | 75 | 110.5 | 15 | 22.1 | 20.0% |
Дебар | 51 | 183.8 | 4 | 14.4 | 7.8% |
Штип | 41 | 77.8 | 2 | 3.8 | 4.9% |
Кочани | 31 | 64.6 | 2 | 4.2 | 6.5% |
Битола | 28 | 27.5 | 2 | 2.0 | 7.1% |
Охрид | 23 | 41.0 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Гостивар | 21 | 17.5 | 2 | 1.7 | 9.5% |
Неготино* | 10 | 42.6 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крива Паланка | 6 | 25.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кавадарци | 5 | 11.6 | 1 | 2.3 | 20.0% |
Гевгелија | 4 | 11.6 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Струмица | 3 | 3.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | 10.5 | 33.3% |
Пехчево | 3 | 60.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Виница | 3 | 15.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пробиштип | 2 | 13.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кратово | 2 | 20.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кичево | 2 | 3.5 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Берово | 1 | 7.7 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Валандово | 1 | 8.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Делчево | 1 | 4.2 | 1 | 4.2 | 100.0% |
Свети Николе | 1 | 4.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 305,6 заболени на 100.000 жители, Прилеп (220,3/100.000), Велес (191,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (117,4/100.000) и Струга (110,5/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Штип, Кочани и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 969 машки и 1.030 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 93,5/100.000, додека кај женските 99,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 437 (21,9%) со инциденца од 114,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 146,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (408 заболени). Најниска инциденца од 35,0 и 37,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 80 и 94 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.999)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.999)
Од пријавените случаи, 26,0% (n=519) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,0%), кашлица (53,0%), малаксаност (37,8%), треска (19,7%), главоболка (14,6%), болка во грло (14,5%) и отежнато дишење (14,4%).
Кај 650 или 32,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 490 или 75,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 20 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Десет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 613 (30,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 425 лица имаат кардиоваскуларна болест, 140 дијабет, 103 се со хронична белодробна болест и 140 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 278 (53,6%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 259 (13,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 113 смртни случаи (Лт = 5,7%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=73) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 19,0/100.000 жители. Регистрирани се 78 смртни случаи кај лица од машки и 35 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 84 (74,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=60), дијабет (n=22) и белодробна болест (n=21). Регистриран е еден смртен случај кај бремена жена. Девет (8,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 104 (92,0%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 96 (4,8%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020 (Графикон 2). Вкупно 1.190 лица (59,5%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 24.05.2020 тестирани се вкупно 25.528 материјали (детектирано 1.999 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 12.337 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=25.528)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 25.528 | 1.999 | 2.261 | 3 | 23.267 | 1.999 |
ИЈЗ – Вирусологија | 16.471 | 1.576 | 1.349 | 2 | 15.122 | 1.574 |
Ветеринарен Факултет | 702 | 66 | 0 | 0 | 702 | 66 |
Авицена | 666 | 48 | 0 | 0 | 666 | 48 |
Биотек | 1.523 | 53 | 0 | 0 | 1.523 | 53 |
Жан Митрев Клиника | 4.020 | 178 | 0 | 0 | 4.020 | 178 |
Систина | 811 | 30 | 0 | 0 | 811 | 30 |
МАНУ | 1.335 | 48 | 912 | 1 | 423 | 47 |
Според исходот од заболувањето, 447 лица (22,4%) се активни случаи, 1.439 случаи (72,0%) се водат како оздравени (238 од нив се здравствени работници и 9 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 295 (20,5%) биле хоспитализирани додека останатите 1.144 (79,5%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.999)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 204 | 496 | 25 | 725 |
Куманово | 35 | 380 | 21 | 436 |
Прилеп | 46 | 150 | 14 | 210 |
Тетово | 82 | 80 | 15 | 177 |
Велес | 41 | 78 | 8 | 127 |
Струга | 8 | 52 | 15 | 75 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Штип | 6 | 33 | 2 | 41 |
Кочани | 29 | 2 | 31 | |
Битола | 7 | 19 | 2 | 28 |
Охрид | 8 | 15 | 23 | |
Гостивар | 3 | 16 | 2 | 21 |
Демир Капија | 2 | 5 | 7 | |
Крива Паланка | 6 | 6 | ||
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Радовиш | 4 | 4 | ||
Неготино | 1 | 2 | 3 | |
Пехчево | 3 | 3 | ||
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Струмица | 1 | 2 | 3 | |
Кратово | 1 | 1 | 2 | |
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Кичево | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Свети Николе | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 447 | 1.439 | 113 | 1.999 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.999)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).
На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.
Со одлука на Владата, се прогласи забрана за движење од 11:00 часот во недела на 24-ти мај до 05:00 часот наутро во вторник на 26-ти мај.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 24.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 5.204.508 (101.502 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 337.687 (4.286 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 2.338.124 (55.636 нови)
- Смртни случаи – 138.116 (2.932 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.006.984 (19.327 нови)
- Смртни случаи – 17886 (928 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 415.806 (1887 нови)
- Смртни случаи – 988 (182 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 191.966 (688 нови)
- Смртни случаи – 5.748 (192 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 17621 (925 нови)
- Смртни случаи – 6.863 (19 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 77.295 (3.039 нови)
- Смртни случаи – 073 (33 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 25.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје