СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 27.05.2020
Тестирани се вкупно 560 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 168 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје и Куманово) без регистриран позитивен случај.
Регистрирани сe 38 нови позитивни случаи од 6 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (63,2%).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 27.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 24 | 1 |
Штип | 4 | 0 |
Куманово | 4 | 0 |
Тетово | 3 | 2 |
Неготино | 2 | 0 |
Кичево | 1 | 0 |
Вкупно | 38 | 3 |
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 9 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 15 лица од женски и 23 од машки пол.
Регистрирани се три хоспитализирани лица. Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 13 имаат контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 16 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 3 смртни случаи, од Тетово и Скопје. Случаите се на возраст од 56-75 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Два од случаите имале пропратни коморбидитети, а ниту еден немал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 27.05.2020, пријавени се вкупно 2.077 случаи на COVID-19 (I=100,0/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Дебар и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 2.077 | 100,0 | 122 | 5,9 | 5,9% |
Скопје | 771 | 124,8 | 28 | 4,5 | 3,6% |
Куманово | 442 | 309,8 | 21 | 14,7 | 4,8% |
Прилеп | 211 | 221,4 | 14 | 14,7 | 6,6% |
Тетово | 182 | 91,1 | 19 | 9,5 | 10,4% |
Велес | 128 | 193,2 | 9 | 13,6 | 7,0% |
Струга | 77 | 113,5 | 16 | 23,6 | 20,8% |
Штип | 54 | 102,5 | 2 | 3,8 | 3,7% |
Дебар | 51 | 183,8 | 4 | 14,4 | 7,8% |
Кочани | 31 | 64,6 | 2 | 4,2 | 6,5% |
Битола | 28 | 27,5 | 2 | 2,0 | 7,1% |
Охрид | 23 | 41,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Гостивар | 22 | 18,4 | 2 | 1,7 | 9,1% |
Неготино* | 12 | 51,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крива Паланка | 6 | 25,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 5 | 11,6 | 1 | 2,3 | 20,0% |
Гевгелија | 4 | 11,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 3 | 3,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 3 | 31,5 | 1 | 10,5 | 33,3% |
Пехчево | 3 | 60,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 3 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 3 | 5,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пробиштип | 2 | 13,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 2 | 17,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 2 | 20,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 1 | 7,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 1 | 8,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
Свети Николе | 1 | 4,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 309,8 заболени на 100.000 жители, Прилеп (221,4/100.000), Велес (193,2/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (124,8/100.000), Струга (113,5/100.000) и Штип (113,5/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.008 машки и 1.069 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 97,2/100.000, додека кај женските 103,5/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 453 (21,8%) со инциденца од 118,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 150,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (419 заболени). Најниска инциденца од 36,7 и 40,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 84 и 101 случај соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.077)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.077)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.077)
Од пријавените случаи, 26,4% (n=548) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,8%), малаксаност (38,8%), треска (19,5%), главоболка (15,2%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,3%).
Кај 669 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 499 или 75,3% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 22 (1,1%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 636 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 439 лица имаат кардиоваскуларна болест, 144 дијабет, 110 се со хронична белодробна болест и 125 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 291 (53,1%) се присутни коморбидитети.
Регистриран е 261 (12,6%) случај на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 122 смртни случаи (Лт = 5,9%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=77) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 20,1/100.000 жители. Регистрирани се 84 смртни случаи кај лица од машки и 38 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 90 (73,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=62), дијабет (n=25) и белодробна болест (n=22). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (7,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 113 (92,6%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 96 (4,6%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020. Вкупно 1.230 лица (59,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 27.05.2020 тестирани се вкупно 27.023 материјали (детектирано 2.077 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 13.060 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=27.023)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 27.023 | 2.077 | 2.891 | 3 | 24.132 | 2.074 |
ИЈЗ – Вирусологија | 17.266 | 1.623 | 1.787 | 2 | 15.479 | 1.621 |
ЦЈЗ Скопје | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Авицена | 704 | 50 | 0 | 0 | 704 | 50 |
Биотек | 1.644 | 56 | 0 | 0 | 1.644 | 56 |
Жан Митрев Клиника | 4.151 | 183 | 0 | 0 | 4.151 | 183 |
Систина | 938 | 32 | 0 | 0 | 938 | 32 |
МАНУ | 1.565 | 52 | 1.104 | 1 | 461 | 51 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Според исходот од заболувањето, 469 лица (22,6%) се активни случаи, 1.486 случаи (71,5%) се водат како оздравени (240 од нив се здравствени работници и 10 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 321 (21,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.165 (78,4%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.077)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 232 | 511 | 28 | 771 |
Куманово | 36 | 385 | 21 | 442 |
Прилеп | 43 | 154 | 14 | 211 |
Тетово | 71 | 92 | 19 | 182 |
Велес | 31 | 88 | 9 | 128 |
Струга | 9 | 52 | 16 | 77 |
Штип | 19 | 33 | 2 | 54 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Кочани | 29 | 2 | 31 | |
Битола | 6 | 20 | 2 | 28 |
Охрид | 8 | 15 | 23 | |
Гостивар | 4 | 16 | 2 | 22 |
Демир Капија | 2 | 5 | 7 | |
Крива Паланка | 6 | 6 | ||
Неготино | 3 | 2 | 5 | |
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Пехчево | 3 | 3 | ||
Кичево | 1 | 2 | 3 | |
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Струмица | 1 | 2 | 3 | |
Кратово | 1 | 1 | 2 | |
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Свети Николе | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 469 | 1.486 | 122 | 2.077 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.077)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Владата на Република Северна Македонија на 57-мата седница на 26.05.2020 година донесе одлука со која од 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 27.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 5.488.825 (84.314 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 349.095 (5.581 нов)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 2.495.924 (41.472 нови)
- Смртни случаи – 145.810 (2.071 нов)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.061.828 (20.124 нови)
- Смртни случаи – 176.226 (3.013 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 449.590 (10.690 нови)
- Смртни случаи – 11.452 (159 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 218.523 (8.250 нови)
- Смртни случаи – 6.359 (219 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 176.404 (1.007 нови)
- Смртни случаи – 6.927 (25 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 85.815 (2.771 нови)
- Смртни случаи – 2.308 (94 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 28.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје