СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 28.12.2020-3.01.2021

Тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000 (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 21-27.12.2020, Р.С. Македонија

mapa 28.12-03.01

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49  (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.134 (48,7%) лица од женски и 1.195 (51,3%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 03.01.2021, пријавени се вкупно 84.129 случаи на COVID-19 (I=4.065,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип и Битола додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Крушево и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга и Прилеп (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

 

tabela 1

Во сите градови (освен Пехчево) се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Крушево, Кратово и Валандово се забележува минимално зголемување, а во Пехчево има зголемување на бројот на новозаболени. (Табела 1)

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.295,4 на 100.000 жители, Скопје (5.889,3/100.000), Свети Николе (5.084,8/100.000) и Кавадарци (5.026,3/100.000), а инциденца под  2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод, Радовиш и Крушево. (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа до 03.01

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 42.898 машки и 41.231 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.138,7/100.000, додека кај женските 3.992,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,3 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 19.565 (23,3%) со инциденца од 5.104,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.563,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (15.470 заболени). Најниска инциденца од 742,7 и 1.426,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.700 и 3.569 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=84.129)

graf1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). Во последните пет недели се регистриран пад на бројот на ново заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=84.129)

graf2

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=67.286; 80,0%), 11,4% (n=7.671) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите 59.615 (88,6%) биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 876 лица (11,2% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 339 (38,7%) се на кислородна поддршка и 25 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,4%), кашлица (40,1%), малаксаност (39,6%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,3%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,2%), болка во грло (14,5%), треска (13,6%) и отежнато дишење (10,0%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=67.286; 80,0%), кај 14.774 или 22,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=67.286; 80,0%), пријавени се 402 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 115 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=67.286; 80,0%), регистрирани се 3.292 (4,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 20.584 (30,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 14.233 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.347 дијабет, 2.767 се со хронична белодробна болест и 2.896 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.591 (63,1%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 2.550 смртни случаи (Лт = 3,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 47-мата недела (n=215) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.002) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 522,3/100.000 жители. Регистрирани се 1.605 смртни случаи кај лица од машки и 945 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.893 (81,9%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.471), дијабет (n=663) и белодробна болест (n=298). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 22 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 161  (6,3%) починале во вонболнички услови, а 2.389 (93,7%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=2.550)

graf 3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=67.286; 80,0%), 994 (1,5%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 22.059 лица (33,1%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020-03.01.2021 тестирани се вкупно 405.099 материјали (детектирани 84.129 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 195.783 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=405.108)*

2

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 18.047 лица (21,5%) се активни случаи, 63.532 случаи (75,5%) се водат како оздравени (од нив 2.905 се здравствени работници и 351 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 3.951 (6,2%) биле хоспитализирани додека останатите 59.581 (93,8%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (84.129)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 10757 24828 790 36375
Тетово 810 3793 185 4788
Куманово 473 4123 179 4775
Прилеп 462 3585 214 4261
Гостивар 506 2749 147 3402
Штип 208 3030 78 3316
Битола 485 2425 143 3053
Велес 443 2243 94 2780
Охрид 463 1909 96 2468
Струмица 588 1645 93 2326
Кавадарци 487 1634 42 2163
Струга 296 1632 134 2062
Кочани 193 1380 36 1609
Кичево 203 1324 51 1578
Свети Николе 82 947 14 1043
Гевгелија 197 679 19 895
Неготино 231 627 16 874
Ресен 140 497 17 654
Дебар 114 498 29 641
Крива Паланка 121 487 27 635
Радовиш 99 497 30 626
Берово 46 439 18 503
Делчево 143 322 23 488
Пробиштип 35 405 10 450
Виница 60 380 8 448
Валандово 50 258 5 313
Демир Хисар 35 197 5 237
Македонски Брод 23 189 8 220
Богданци 57 140 5 202
Кратово 12 173 8 193
Македонска Каменица 63 117 3 183
Крушево 73 77 17 167
Демир Капија 55 109 1 165
Пехчево 25 128 3 156
Дојран 12 66 2 80
ВКУПНО 18.047 63.532 2.550 84.129

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=84.129)

 graf 5

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 27.12.2020:

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво – 79.231.893 (4.632 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.754.574 (72.761 во последни 7 дена, 8% помалку во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 34.403.371 (1.965.774 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 840.247 (397 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 25.271.220 (1.545.682 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 554.716 (31.005 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 11.842.422 (231.978 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 737 (3.911 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 4.823.157 (157.595 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 119.004 (3.482 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.831.227 (114.530 во последни 7 дена, 20% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 40.299 (2.558 во последни 7 дена, 37% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.059.751 (53.073 во последни 7 дена, 13% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 19.558 (663 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 05.01.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје