СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 29.03-04.04.2021
Тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 21,0 до 35,2%, просечно 29,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 29.03-04.04.2021, Р.С Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39 (n=1.414; 17,8%), 40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20-29 (n=917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години (n=381; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 години (17,6%) и 60+ (16,1%), додека во групата од 0-9 години забележуваме намалување (29,9%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.040 (50,9%) лица од женски и 3.893 (49,1%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 04.04.2021, пријавени се вкупно 135.167 случаи на COVID-19 (I=6.532,4/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево, Охрид и Демир Капија. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 04.04.2021
Се забележува зголемување на бројот на заболени во сите извештајни единици освен во Крушево, Неготино, Демир Хисар, Демир Капија и Богданци каде има намалување на бројот на новозаболени и минимално намалување во Прилеп и Крива Паланка кога се анализираат двата двонеделни периоди (Табела 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 10.731,0 на 100.000 жители и Неготино 10.268,3/100.000), а најниска инциденца со 2.771,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 68.259 машки и 66.908 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 6.585,4/100.000, а кај женските 6.479,2/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 33.175 (24,5%) со специфичен морбидитет од 8.655,3/100.000, а највисок специфичен морбидитет од 8.778,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (24.410 заболени). Најнизок специфичен морбидитет од 1.147,3 и 2.388,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.626 и 5.977 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=135.167)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.933) е регистриран во 13-та недела на 2021 год. (Графикон 2). Во последните 7 недели се регистрира повторно зголемување на бројот на заболени лица.
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 04.04.2021 (n=135.167)
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Урологија и Трауматологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.708 лица (9,3% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 1.228 се на кислородна поддршка и 50 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 04.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 4.413 (3.805-Pfizer/Biontech и 608- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 04.04.2021 вакцинирани се 1.968 лица.
Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Регистрирани се 3.980 смртни случаи (Лт = 2,9%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 02.04.2021 година (n=45), а според недела на пријавување во тек на 13-тата недела на 2021 год. (n=260) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=3.209) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 837,2/100.000 жители. Регистрирани се 2.477 смртни случаи кај лица од машки и 1.503 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.845 (71,5% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=2.246), дијабет (n=974) и белодробна болест (n=437). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 199 (5,0%) починале во вонболнички услови, а 3.781 (95,0%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 04.04.2021 (n=3.980)
Од 15.02.2020-04.04.2021 тестирани се вкупно 643.004 материјали (детектирани 135.167 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 310.754 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=643.004)*
*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство
Според исходот од заболувањето, 20.799 лица (15,4%) се активни случаи, 110.388 случаи (81,7%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.872 (5,3%) биле хоспитализирани додека останатите 104.516 (94,7%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 04.04.2021 (n=135.167)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=135.167)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 10318 | 48862 | 1292 | 60472 |
Прилеп | 1099 | 5860 | 345 | 7304 |
Куманово | 1047 | 5883 | 251 | 7181 |
Тетово | 651 | 5585 | 246 | 6482 |
Битола | 996 | 3624 | 194 | 4814 |
Велес | 788 | 3799 | 141 | 4728 |
Гостивар | 505 | 3980 | 195 | 4680 |
Кавадарци | 709 | 3805 | 104 | 4618 |
Штип | 463 | 3832 | 107 | 4402 |
Охрид | 793 | 3329 | 166 | 4288 |
Струмица | 412 | 2843 | 137 | 3392 |
Струга | 245 | 2324 | 167 | 2736 |
Кочани | 273 | 1992 | 75 | 2340 |
Кичево | 223 | 1793 | 81 | 2097 |
Неготино | 369 | 1578 | 43 | 1990 |
Гевгелија | 381 | 1483 | 51 | 1915 |
Свети Николе | 120 | 1173 | 16 | 1309 |
Крива Паланка | 102 | 953 | 46 | 1101 |
Ресен | 199 | 839 | 28 | 1066 |
Радовиш | 134 | 766 | 43 | 943 |
Берово | 118 | 736 | 28 | 882 |
Дебар | 57 | 773 | 39 | 869 |
Делчево | 97 | 739 | 31 | 867 |
Пробиштип | 80 | 608 | 21 | 709 |
Виница | 102 | 531 | 21 | 654 |
Валандово | 88 | 442 | 16 | 546 |
Крушево | 120 | 288 | 31 | 439 |
Богданци | 69 | 348 | 8 | 425 |
Демир Капија | 72 | 287 | 11 | 370 |
Кратово | 26 | 298 | 13 | 337 |
Демир Хисар | 41 | 280 | 10 | 331 |
Македонски Брод | 42 | 261 | 10 | 313 |
Пехчево | 28 | 204 | 6 | 238 |
Македонска Каменица | 17 | 191 | 4 | 212 |
Дојран | 15 | 99 | 3 | 117 |
ВКУПНО | 20799 | 110388 | 3980 | 135167 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ
Во периодот од 29.03-04.04.2021 репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во С. Македонија изнесува 1,02. Доколку се споредат два двонеделни периоди, се забележува намалување на R0 во периодот 22.03-04.04.2021 (1,02) во споредба со 1,14 во периодот 08-21.03.2021.
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.
Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 05.04.2021 Владата донесе одлука за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година, затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители, како и целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање. Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 06.4 до 20.4.2021 година.
За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk
Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво
Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.
- Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
- Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
- Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
- Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
- Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 28.03.2021
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 126.372.442 (3.802.314 во последни 7 дена,
14% повеќе во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.769.696 (64.187 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 55.243.776 (1.306.017 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.331.419 (32.176 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 44.191.579 (1.641.672 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 954.829 (23.778 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 14.619.886 (437.060 во последни 7 дена, 46% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 737 (2.947 во последни 7 дена, 21% повеќе во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 7.395.085 (270.884 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 156.891 (3.428 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.061.438 (62.286 во последни 7 дена, 22% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 77.446 (1.340 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 1.859.933 (84.395 во последни 7 дена, 32% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 31.361 (518 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
Скопје, 06.04.2021
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје
[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19