СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 29.05.2020
Тестирани се вкупно 1.120 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 487 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Тетово, Битола и Куманово) каде е регистриран еден позитивен случај, во градинка на територијата на ЦЈЗ Тетово.
Регистрирани сe 35 нови позитивни случаи од 6 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (62,9%).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 29.05.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 22 | 4 |
Тетово | 6 | 0 |
Куманово | 4 | 0 |
Штип | 7 | 0 |
Струга | 1 | 1 |
Гостивар | 1 | 0 |
Вкупно | 35 | 5 |
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 10 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 16 лица од женски и 19 од машки пол.
Регистрирани се четири хоспитализирани лица. Кај 17 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 14 имаат контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 19 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 5 смртни случаи, од Скопје и Струга (Табела 1). Случаите се на возраст од 1-70 години, сите со присутни симптоми. Четири од случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Сите имале пропратни коморбидитети, а еден имал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување. Петтиот случај е дете на кое беше транспортирано во Швајцарија за третман на основната болест каде и починало.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 29.05.2020, пријавени се вкупно 2.164 случаи на COVID-19 (I=104,2/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Велес, Куманово, Прилеп и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 2.164 | 104,2 | 131 | 6,3 | 6,1% |
Скопје | 817 | 132,3 | 34 | 5,5 | 4,2% |
Куманово | 453 | 317,5 | 21 | 14,7 | 4,6% |
Прилеп | 211 | 221,4 | 14 | 14,7 | 6,6% |
Тетово | 198 | 99,1 | 20 | 10,0 | 10,1% |
Велес | 129 | 194,7 | 10 | 15,1 | 7,8% |
Струга | 80 | 117,9 | 17 | 25,1 | 21,3% |
Штип | 62 | 117,7 | 2 | 3,8 | 3,2% |
Дебар | 51 | 183,8 | 4 | 14,4 | 7,8% |
Кочани | 32 | 66,7 | 2 | 4,2 | 6,3% |
Битола | 28 | 27,5 | 2 | 2,0 | 7,1% |
Охрид | 23 | 41,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Гостивар | 23 | 19,2 | 2 | 1,7 | 8,7% |
Неготино* | 12 | 51,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крива Паланка | 6 | 25,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 5 | 11,6 | 1 | 2,3 | 20,0% |
Гевгелија | 4 | 11,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 3 | 3,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 3 | 31,5 | 1 | 10,5 | 33,3% |
Пехчево | 3 | 60,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 3 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 3 | 5,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пробиштип | 2 | 13,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 2 | 17,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 2 | 20,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 1 | 7,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 1 | 8,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
Свети Николе | 1 | 4,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 317,5 заболени на 100.000 жители, Прилеп (221,4/100.000), Велес (194,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (132,3/100.000), Струга (117,9/100.000) и Штип (117,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.053 машки и 1.111 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 101,6/100.000, додека кај женските 107,6/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 472 (21,8%) со инциденца од 123,1/100.000, а највисока специфична инциденца од 158,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (440 заболени). Најниска инциденца од 38,4 и 40,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 88 и 102 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.164)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.164)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.164)
Од пријавените случаи, 26,1% (n=564) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално е хоспитализирано 91 лице, а од нив 27 се на кислородна поддршка и 7 на механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,5%), малаксаност (39,3%), треска (19,3%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (15,0%) и болка во грло (14,4%).
Кај 692 или 32,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 513 или 74,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 669 (30,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 463 лица имаат кардиоваскуларна болест, 151 дијабет, 116 се со хронична белодробна болест и 128 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 302 (53,5%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 266 (12,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистриран е 131 смртен случај (Лт = 6,1%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=83) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 21,7/100.000 жители. Регистриран е 91 смртен случај кај лица од машки и 40 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 99 (75,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=67), дијабет (n=25) и белодробна болест (n=23). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,9%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 122 (93,1%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 96 (4,4%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020. Вкупно 1.264 лица (58,4%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 29.05.2020 тестирани се вкупно 28.804 материјали (детектирани 2.164 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 13.921 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=28.804)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 28.804 | 2.164 | 3.502 | 6 | 25.302 | 2.158 |
ИЈЗ – Вирусологија | 18.101 | 1.688 | 2.215 | 4 | 15.886 | 1.684 |
ЦЈЗ Скопје | 66 | 3 | 0 | 0 | 66 | 3 |
Авицена | 793 | 59 | 0 | 0 | 793 | 59 |
Биотек | 1.866 | 57 | 0 | 0 | 1.866 | 57 |
Жан Митрев Клиника | 4.263 | 187 | 0 | 0 | 4.263 | 187 |
Систина | 1.174 | 35 | 0 | 0 | 1.174 | 35 |
МАНУ | 1.786 | 54 | 1.287 | 2 | 499 | 52 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Според исходот од заболувањето, 498 лица (23,0%) се активни случаи, 1.535 случаи (70,9%) се водат како оздравени (241 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 339 (22,1%) биле хоспитализирани додека останатите 1.196 (77,9%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.164)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 238 | 527 | 30 | 795 |
Куманово | 43 | 385 | 21 | 449 |
Прилеп | 43 | 154 | 14 | 211 |
Тетово | 70 | 102 | 20 | 192 |
Велес | 30 | 89 | 10 | 129 |
Струга | 11 | 52 | 16 | 79 |
Штип | 26 | 33 | 2 | 61 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Кочани | 1 | 29 | 2 | 32 |
Битола | 6 | 20 | 2 | 28 |
Охрид | 6 | 17 | 23 | |
Гостивар | 4 | 16 | 2 | 22 |
Демир Капија | 2 | 5 | 7 | |
Крива Паланка | 6 | 6 | ||
Неготино | 3 | 2 | 5 | |
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Пехчево | 3 | 3 | ||
Кичево | 1 | 2 | 3 | |
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Струмица | 1 | 2 | 3 | |
Кратово | 2 | 2 | ||
Пробиштип | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Свети Николе | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 487 | 1.516 | 126 | 2.129 |
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.129)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Владата на Република Северна Македонија на 57-мата седница на 26.05.2020 година донесе одлука со која од 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 28.05.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 5.701.337 (107.740 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 357.688 (4.354 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 2.613.092 (56.647 нови)
- Смртни случаи – 151.212 (2.800 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.102.574 (22.650 нови)
- Смртни случаи – 178.378 (1.047 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 475.419 (13.595 нови)
- Смртни случаи – 11.833 (212 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 238.080 (10.469 нови)
- Смртни случаи – 844 (214 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 178.502 (042 нови)
- Смртни случаи – 6.981 (24 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 92.929 (3.337 нови)
- Смртни случаи – 427 (57 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 30.05.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје