СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 03.06.2020
Тестирани се вкупно 953 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 119 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (55.5%).
Од вкупниот број на тестирани, 2 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Штип) -нема позитивни случаи.
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 03.06.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 66 | 0 |
Куманово | 19 | 0 |
Штип | 16 | 0 |
Тетово | 9 | 2 |
Прилеп | 4 | 0 |
Велес | 2 | 0 |
Гостивар | 1 | 0 |
Струмица | 1 | 0 |
Неготино | 1 | 0 |
Вкупно | 119 | 2 |
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 24 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 56 лица од женски и 63 од машки пол.
Регистрирани се 15 хоспитализирани, а кај 21 лице е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 70 (58,8%) имаат контакт со потврден случај.
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 16 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Регистрирани се два смртни случаи, со место на живеење од Тетово. Случаите биле на возраст над 60 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Двата случаи имале коморбидитети, а еден имал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување во странство.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 03.06.2020, пријавени се вкупно 2.610 случаи на COVID-19 (I=125,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 2.610 | 125,6 | 147 | 7,1 | 5,6% |
Скопје | 1049 | 169,8 | 37 | 6,0 | 3,5% |
Куманово | 500 | 350,4 | 24 | 16,8 | 4,8% |
Тетово | 245 | 122,6 | 25 | 12,5 | 10,2% |
Прилеп | 217 | 227,7 | 15 | 15,7 | 6,9% |
Велес | 137 | 206,8 | 10 | 15,1 | 7,3% |
Штип | 127 | 241,1 | 2 | 3,8 | 1,6% |
Струга | 90 | 132,6 | 20 | 29,5 | 22,2% |
Дебар | 51 | 183,8 | 4 | 14,4 | 7,8% |
Кочани | 41 | 85,5 | 2 | 4,2 | 4,9% |
Гостивар | 33 | 27,6 | 3 | 2,5 | 9,1% |
Битола | 28 | 27,5 | 2 | 2,0 | 7,1% |
Охрид | 24 | 42,8 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Неготино* | 13 | 55,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 6 | 13,9 | 1 | 2,3 | 16,7% |
Крива Паланка | 6 | 25,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 5 | 5,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пробиштип | 5 | 32,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Гевгелија | 4 | 11,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 3 | 31,5 | 1 | 10,5 | 33,3% |
Пехчево | 3 | 60,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 3 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 3 | 31,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 3 | 5,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 2 | 17,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 2 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 2 | 16,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Свети Николе | 2 | 9,8 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 350,4 заболени на 100.000 жители, Штип (241,1/100.000), Прилеп (227,7/100.000), Велес (206,8/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (169,8/100.000), Струга (132,6/100.000) и Тетово (122,6/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.270 машки и 1.340 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 122,5/100.000, додека кај женските 129,8/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 544 (20,8%) со инциденца од 141,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 187,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (521 заболен). Најниска инциденца од 56,4 и 53,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 129 и 133 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.610)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=119) е регистриран на 03.06.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.610)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 22/2020 година (n=2.315)
Од пријавените случаи, 24,6% (n=642) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 92 лица, а од нив 28 се на кислородна поддршка, 5 на механичка вентилација и 2 на неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (51,7%), малаксаност (39,3%), треска (18,9%), главоболка (15,6%), отежнато дишење (14,2%) и болка во грло (13,8%).
Кај 878 или 33,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 652 или 74,3% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 27 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 9 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четиринаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 780 (29,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 531 лица имаат кардиоваскуларна болест, 188 дијабет, 134 се со хронична белодробна болест и 149 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 347 (54,0%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 285 (10,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 147 смртни случаи (Лт = 5,6%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=95) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 24,8/100.000 жители. Регистрирани се 100 смртни случаи кај лица од машки и 47 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 112 (76,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=80), дијабет (n=30) и белодробна болест (n=29). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 138 (93,9%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=147)
Од вкупниот број на случаи, 100 (3,8%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 01.06.2020. Вкупно 1.531 лице (58,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 03.06.2020 тестирани се вкупно 33.114 материјали (детектирани 2.610 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 16.004 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=33.114)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 33.114 | 2.610 | 4.296 | 11 | 28.818 | 2.599 |
ИЈЗ – Вирусологија | 20.092 | 1.959 | 2.639 | 9 | 17.453 | 1.950 |
ЦЈЗ Скопје | 244 | 42 | 0 | 0 | 244 | 42 |
Авицена | 1.014 | 82 | 0 | 0 | 1.014 | 82 |
Биотек | 2.318 | 72 | 0 | 0 | 2.318 | 72 |
Жан Митрев Клиника | 4.682 | 228 | 0 | 0 | 4.682 | 228 |
Систина | 1.673 | 54 | 0 | 0 | 1.673 | 54 |
МАНУ | 2.336 | 92 | 1.657 | 2 | 679 | 90 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Според исходот од заболувањето, 842 лица (32,3%) се активни случаи, 1.621 случај (62,1%) се водат како оздравени (247 од нив се здравствени работници и 14 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 361 (22,3%) бил хоспитализиран додека останатите 1.260 (77,7%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.610)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.610)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 450 | 562 | 37 | 1049 |
Куманово | 85 | 391 | 24 | 500 |
Тетово | 88 | 132 | 25 | 245 |
Прилеп | 32 | 170 | 15 | 217 |
Велес | 31 | 96 | 10 | 137 |
Штип | 89 | 36 | 2 | 127 |
Струга | 18 | 52 | 20 | 90 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Кочани | 10 | 29 | 2 | 41 |
Гостивар | 12 | 18 | 3 | 33 |
Битола | 2 | 24 | 2 | 28 |
Охрид | 7 | 17 | 24 | |
Демир Капија | 7 | 7 | ||
Крива Паланка | 6 | 6 | ||
Неготино | 4 | 2 | 6 | |
Кавадарци | 1 | 4 | 1 | 6 |
Струмица | 3 | 2 | 5 | |
Пробиштип | 3 | 2 | 5 | |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Радовиш | 4 | 4 | ||
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Кратово | 1 | 2 | 3 | |
Пехчево | 3 | 3 | ||
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Кичево | 1 | 2 | 3 | |
Свети Николе | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | 2 | |
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Валандово | 1 | 1 | 2 | |
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 842 | 1.621 | 147 | 2.610 |
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=538)
Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 450 |
Чаир | 111 |
Бутел | 54 |
Сарај | 48 |
Аеродром | 45 |
Гази Баба | 42 |
Центар | 28 |
Карпош | 26 |
Кисела Вода | 18 |
Арачиново | 17 |
Студеничани | 17 |
Ѓорче Петров | 15 |
Илинден | 11 |
Шуто Оризари | 9 |
Петровец | 5 |
Чучер Сандево | 2 |
Сопиште | 2 |
Тетово | 88 |
Тетово | 63 |
Теарце | 15 |
Брвеница | 4 |
Боговиње | 4 |
Јегуновце | 1 |
Желино | 1 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 03.06.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 6.416.828 (129.281 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 382.867 (4.842 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 3.022.824 (73.369 нови)
- Смртни случаи – 168.553 (3.242 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.211.148 (19.758 нови)
- Смртни случаи – 182.380 (911 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 5026 (17.529 нови)
- Смртни случаи – 13.458 (277 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 309.597 (12.977 нови)
- Смртни случаи – 8.610 (333 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 186.853 (495 нови)
- Смртни случаи – 7.067 (10 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1639 (4.153 нови)
- Смртни случаи – 858 (69 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 04.06.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје