СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 31.05.2020

Тестирани се вкупно 727 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 89 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (39,3%) и Штип (30,3%).

Од вкупниот број на тестирани, 312 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје и Прилеп), а регистрирани се 3 позитивни случаи во домови за стари лица, еден вработен здравствен работник и два штитеници.

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 31.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 35 2
Штип 27 0
Куманово 12 2
Тетово 7 2
Кочани 4 0
Прилеп 1 0
Гостивар 1 0
Струмица* 1 0
Свети Николе 1 0
Струга 0 1
Вкупно 89 7

*странски државјанин

Случаите од Штип и Кочани припаѓаат на ист кластер на вработени во конфекција во Штип.

Најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 41 од машки пол.

Регистрирани се 8 хоспитализирани, а кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 58 имаат контакт со потврден случај. Регистрирано е едно лице со странско државјанство и историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 7 смртни случаи, од Скопје, Куманово, Тетово и Струга (Табела 1). Случаите се на возраст од 44-83 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Само еден случај нема регистрирани коморбидитети и истиот имал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 31.05.2020, пријавени се вкупно 2.315 случаи на COVID-19 (I=111,4/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Велес, Прилеп и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга, Гостивар и Тетово (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.315 111,4 140 6,7 6,0%
Скопје 876 141,8 36 5,8 4,1%
Куманово 467 327,3 23 16,1 4,9%
Тетово 217 108,6 22 11,0 10,1%
Прилеп 212 222,4 14 14,7 6,6%
Велес 130 196,2 10 15,1 7,7%
Штип 103 195,5 2 3,8 1,9%
Струга 84 123,8 19 28,0 22,6%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Кочани 37 77,1 2 4,2 5,4%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Гостивар 27 22,5 3 2,5 11,1%
Охрид 23 41,0 0 0,0 0,0%
Неготино* 12 51,1 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Струмица 4 4,2 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Валандово 2 16,9 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Свети Николе 2 9,8 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 327,3 заболени на 100.000 жители, Прилеп (222,4/100.000), Велес (196,2/100.000), Штип (195,5/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (141,8/100.000), Струга (123,8/100.000) и Тетово (108,6/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

1.6.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.123 машки и 1.192 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 108,3/100.000, додека кај женските 115,4/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 500 (21,6%) со инциденца од 130,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 169,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (470 заболени). Најниска инциденца од 42,4 и 45,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 97 и 113 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.315)

1.6.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.315)

1.6.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.315)

1.6.4

Од пријавените случаи, 25,1% (n=582) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 21 е на кислородна поддршка и 9 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,3%), кашлица (52,6%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,7%) и болка во грло (14,3%).

Кај 765 или 33,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 575 или 75,2% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, кај 719 (31,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 490 лица имаат кардиоваскуларна болест, 168 дијабет, 126 се со хронична белодробна болест и 139 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 316 (54,3%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 268 (11,6%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 140 смртни случаи (Лт = 6,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=90) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 23,5/100.000 жители. Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 44 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 106 (75,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=76), дијабет (n=29) и белодробна болест (n=28). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 131 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=140)

1.6.5

Од вкупниот број на случаи, 97 (4,2%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 31.05.2020. Вкупно 1.364 лица (58,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 31.05.2020 тестирани се вкупно 30.302 материјали (детектирани 2.315 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 14.645 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=30.302)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 30.302 2.315 4.035 9 26.267 2.306
ИЈЗ – Вирусологија 18.994 1.812 2.547 7 16.447 1.805
ЦЈЗ Скопје 134 17 0 0 134 17
Авицена 820 62 0 0 820 62
Биотек 1.958 57 0 0 1.958 57
Жан Митрев Клиника 4.278 188 0 0 4.278 188
Систина 1.361 43 0 0 1.361 43
МАНУ 2.002 55 1.488 2 514 53
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81

Според исходот од заболувањето, 606 лица (26,2%) се активни случаи, 1.569 случаи (67,8%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 345 (22,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.224 (78,0%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.315)

1.6.6

 

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.315)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 298 542 36 876
Куманово 55 389 23 467
Тетово 83 112 22 217
Прилеп 30 168 14 212
Велес 27 93 10 130
Штип 68 33 2 103
Струга 13 52 19 84
Дебар 47 4 51
Кочани 6 29 2 37
Битола 3 23 2 28
Гостивар 7 17 3 27
Охрид 6 17 23
Демир Капија 7 7
Крива Паланка 6 6
Неготино 3 2 5
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Струмица 2 2 4
Радовиш 4 4
Пехчево 3 3
Виница 1 2 3
Крушево 2 1 3
Кичево 1 2 3
Кратово 2 2
Свети Николе 2 2
Пробиштип 2 2
Македонски Брод 2 2
Валандово 1 1 2
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
Берово 1 1
ВКУПНО 606 1.569 140 2.315

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=381)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 298
Чаир 73
Сарај 44
Бутел 37
Аеродром 33
Гази Баба 31
Студеничани 13
Карпош 13
Кисела Вода 11
Илинден 9
Шуто Оризари 9
Ѓорче Петров 9
Центар 8
Петровец 4
Арачиново 2
Сопиште 2
Тетово 83
Тетово 52
Теарце 15
Боговиње 8
Брвеница 4
Јегуновце 2
Желино 2

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 31.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво5.934.936 (117.551 нов)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 367.166 (4.461 нов)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.743.793 (66.293 нови)
    • Смртни случаи – 157.702 (3.094 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.1547 (20.197 нови)
    • Смртни случаи – 1085 (732 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 505.001 (080 нови)
    • Смртни случаи – 12.353 (275 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 260.579 (11.054 нови)
    • Смртни случаи – 7.431 (274 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 181.665 (219 нови)
    • Смртни случаи – 7.028 (14 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 100.610 (3.708 нови)
    • Смртни случаи – 554 (72 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 01.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје