СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 04.06.2020

Тестирани се вкупно 1.272 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 180 нови позитивни случаи од 15 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (55.5%).

Од вкупниот број на тестирани, 2 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Штип) -нема позитивни случаи.

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 03.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 106* 1
Куманово 26 1
Штип 17 0
Тетово 12 0
Гостивар             8 0
Гевгелија 2 0
Дебар 1 0
Струга 1 0
Велес 1 0
Битола 1 0
Охрид 1 0
Кочани 1* 0
Валандово 1 0
Свети Николе 1 0
Неготино (Демир Капија) 1 0
Вкупно 180 2

 

*24 лица од Скопје и едно лице од Кочани сѐ уште се истражуваат

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 43 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 97 лица од женски и 83 од машки пол.

Од епидемиолошки обработените случаи (n=155), регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 35 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените нови случаи, 100 (64,5%) имаат контакт со потврден случај.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 11 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се два смртни случаи, од Скопје и Куманово. Случаите биле на возраст од 52-67 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Двата случаи имале контакт со потврден случај, а еден имал коморбидитети.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 04.06.2020, пријавени се вкупно 2.790 случаи на COVID-19 (I=134,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.790 134,3 149 7,2 5,3%
Скопје 1155 187,0 38 6,2 3,3%
Куманово 526 368,6 25 17,5 4,8%
Тетово 257 128,7 25 12,5 9,7%
Прилеп 217 227,7 15 15,7 6,9%
Штип 144 273,4 2 3,8 1,4%
Велес 138 208,3 10 15,1 7,2%
Струга 91 134,1 20 29,5 22,0%
Дебар 52 187,4 4 14,4 7,7%
Кочани 42 87,6 2 4,2 4,8%
Гостивар 41 34,2 3 2,5 7,3%
Битола 29 28,5 2 2,0 6,9%
Охрид 25 44,6 0 0,0 0,0%
Неготино* 14 59,7 0 0,0 0,0%
Кавадарци 6 13,9 1 2,3 16,7%
Гевгелија 6 17,4 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Струмица 5 5,3 0 0,0 0,0%
Пробиштип 5 32,7 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Валандово 3 25,3 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кратово 3 31,4 0 0,0 0,0%
Свети Николе 3 14,6 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Берово 2 15,4 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*осум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 368,6 заболени на 100.000 жители, Штип (273,4/100.000), Прилеп (227,7/100.000), Велес (208,3/100.000), Дебар (187,4/100.000), Скопје (187,0/100.000), Струга (134,1/100.000) и Тетово (128,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

5.6.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.353 машки и 1.437 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 130,5/100.000, додека кај женските 139,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 568 (20,4%) со инциденца од 148,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 197,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (550 заболени). Најниска инциденца од 64,7 и 59,1 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени по 148 случаи (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.790)

5.6.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.790)

5.6.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 22/2020 година (n=2.315)

5.6.4

Регистрирани се 149 смртни случаи (Лт = 5,3%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=96) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 25,0/100.000 жители. Регистрирани се 101 смртен случај кај лица од машки и 48 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 113 (75,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=81), дијабет (n=30) и белодробна болест (n=29). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,1%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 93,9% починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=149)

5.6.5

Од епидемиолошки обработените случаи (n=1.765), 100 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 01.06.2020. Вкупно 1.631 лице имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 04.06.2020 тестирани се вкупно 33.114 материјали (детектирани 2.610 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 16.004 тестови на 1.000.000 жители.

Според исходот од заболувањето, 1.009 лица (36,2%) се активни случаи, 1.632 случаи (58,5%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 3, Графикон 5).

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.790)

 5.6.6

 

Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.790)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 549 568 38 1155
Куманово 110 391 25 526
Тетово 100 132 25 257
Прилеп 31 171 15 217
Штип 106 36 2 144
Велес 28 100 10 138
Струга 19 52 20 91
Дебар 1 47 4 52
Кочани 11 29 2 42
Гостивар 20 18 3 41
Битола 3 24 2 29
Охрид 8 17 25
Демир Капија 1 7 8
Крива Паланка 6 6
Гевгелија 2 4 6
Неготино 4 2 6
Кавадарци 1 4 1 6
Струмица 3 2 5
Пробиштип 3 2 5
Радовиш 4 4
Пехчево 3 3
Крушево 2 1 3
Виница 1 2 3
Кратово 1 2 3
Свети Николе 3 3
Кичево 1 2 3
Валандово 2 1 3
Македонски Брод 2 2
Берово 1 1 2
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 1.009 1.632 149 2.790

 

 

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=632)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 532
Чаир 134
Бутел 56
Гази Баба 55
Аеродром 50
Сарај 47
Центар 42
Карпош 33
Кисела Вода 28
Арачиново 19
Студеничани 17
Ѓорче Петров 16
Илинден 15
Шуто Оризари 9
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
Тетово 100
Тетово 70
Теарце 18
Брвеница 5
Боговиње 5
Јегуновце 1
Желино 1

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 05.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје