СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 07.06.2020
Тестирани се вкупно 702 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 127 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (52,8%).
Од вкупниот број на тестирани, 28 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките во Кочани без регистрирани позитивни случаи.
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 07.06.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 67* | 2 |
Штип | 33* | 0 |
Тетово | 10 | 0 |
Струга | 7 | 0 |
Охрид | 4 | 0 |
Кочани | 2 | 0 |
Пробиштип | 2 | 0 |
Куманово | 1 | 1 |
Дебар | 1 | 0 |
Вкупно | 127 | 3 |
*по 3 лица од Скопје и Штип сѐ уште се истражуваат
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.
Од епидемиолошки обработените случаи (n=121), регистрирани се 6 хоспитализирани, а кај 18 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените нови случаи, 76 (59,8%) имаат контакт со потврден случај.
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 7 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Регистрирани се три смртни случаи, од Скопје и Куманово. Случаите биле на возраст над 60 години. Имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС каде и починале. Два од починатите имале коморбидитети и контакт со потврден случај.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 07.06.2020, пријавени се вкупно 3.152 случаи на COVID-19 (I=151,7/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 3.152 | 151,7 | 156 | 7,5 | 4,9% |
Скопје | 1332 | 215.7 | 40 | 6.5 | 3.0% |
Куманово | 556 | 389.7 | 26 | 18.2 | 4.7% |
Тетово | 291 | 145.7 | 25 | 12.5 | 8.6% |
Прилеп | 218 | 228.7 | 17 | 17.8 | 7.8% |
Штип | 207 | 393.0 | 2 | 3.8 | 1.0% |
Велес | 144 | 217.3 | 10 | 15.1 | 6.9% |
Струга | 105 | 154.8 | 21 | 31.0 | 20.0% |
Дебар | 53 | 191.0 | 4 | 14.4 | 7.5% |
Кочани | 53 | 110.5 | 2 | 4.2 | 3.8% |
Гостивар | 50 | 41.7 | 3 | 2.5 | 6.0% |
Охрид | 35 | 62.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Битола | 30 | 29.4 | 2 | 2.0 | 6.7% |
Неготино* | 16 | 68.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крива Паланка | 7 | 29.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Пробиштип | 7 | 45.7 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кавадарци | 6 | 13.9 | 1 | 2.3 | 16.7% |
Гевгелија | 6 | 17.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Струмица | 5 | 5.3 | 1 | 1.1 | 20.0% |
Радовиш | 4 | 12.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Крушево | 3 | 31.5 | 1 | 10.5 | 33.3% |
Пехчево | 3 | 60.1 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Валандово | 3 | 25.3 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Виница | 3 | 15.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кратово | 3 | 31.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Свети Николе | 3 | 14.6 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Кичево | 3 | 5.2 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Македонски Брод | 2 | 17.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Берово | 2 | 15.4 | 0 | 0.0 | 0.0% |
Делчево | 1 | 4.2 | 1 | 4.2 | 100.0% |
Демир Хисар | 1 | 11.9 | 0 | 0.0 | 0.0% |
*осум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 393,0 заболени на 100.000 жители, Куманово (389,7/100.000), Прилеп (228,7/100.000), Велес (217,3/100.000), Скопје (215,7/100.000), Дебар (191,0/100.000), Струга (154,8/100.000), Тетово (145,7/100.000) и Кочани (110,5/100.000) додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Неготино, Охрид и Пехчево (Табела 2).
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.534 машки и 1.618 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 148,0/100.000, додека кај женските 156,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 638 (20,2%) со инциденца од 166,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 220,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (612 заболени). Најниска инциденца од 74,3 и 68,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 170 односно 172 случаи (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=3.152)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=3.152)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на случаи се регистрирани во тек на 23-тата недела (n=837) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 23/2020 година (n=3.152)
Регистрирани се 156 смртни случаи (Лт = 4,9%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=102) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,6/100.000 жители. Регистрирани се 106 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 119 (76,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=85), дијабет (n=32) и белодробна болест (n=30). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,8%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,2% починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=156)
Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.141), 101 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 06.06.2020. Вкупно 1.846 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 07.06.2020 тестирани се вкупно 37.027 материјали (детектирани 3.152 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 17.895 тестови на 1.000.000 жители.
Според исходот од заболувањето, 1.343 лица (42,6%) се активни случаи, 1.653 случаи (54,4%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 3, Графикон 5).
Регистрирани се вкупно 326 заболени здравствени работници во текот на епидемијата, од кои 248 се оздравени.
Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=3.152)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 720 | 572 | 40 | 1332 |
Куманово | 139 | 391 | 26 | 556 |
Тетово | 127 | 139 | 25 | 291 |
Прилеп | 27 | 174 | 17 | 218 |
Штип | 169 | 36 | 2 | 207 |
Велес | 30 | 104 | 10 | 144 |
Струга | 32 | 52 | 21 | 105 |
Дебар | 2 | 47 | 4 | 53 |
Кочани | 22 | 29 | 2 | 53 |
Гостивар | 28 | 19 | 3 | 50 |
Охрид | 18 | 17 | 35 | |
Битола | 3 | 25 | 2 | 30 |
Демир Капија | 2 | 7 | 9 | |
Пробиштип | 5 | 2 | 7 | |
Крива Паланка | 1 | 6 | 7 | |
Неготино | 5 | 2 | 7 | |
Гевгелија | 2 | 4 | 6 | |
Кавадарци | 1 | 4 | 1 | 6 |
Струмица | 2 | 2 | 1 | 5 |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Кратово | 1 | 2 | 3 | |
Валандово | 2 | 1 | 3 | |
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Свети Николе | 2 | 1 | 3 | |
Кичево | 1 | 2 | 3 | |
Пехчево | 3 | 3 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Берово | 1 | 1 | 2 | |
Делчево | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 1.343 | 1.653 | 156 | 3.152 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=3.152)
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=844)
Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 717 |
Чаир | 192 |
Бутел | 68 |
Центар | 66 |
Гази Баба | 63 |
Аеродром | 61 |
Карпош | 57 |
Сарај | 55 |
Кисела Вода | 37 |
Ѓорче Петров | 23 |
Арачиново | 23 |
Шуто Оризари | 21 |
Студеничани | 20 |
Илинден | 18 |
Петровец | 6 |
Чучер Сандево | 3 |
Сопиште | 2 |
странец | 2 |
Тетово | 127 |
Тетово | 83 |
Теарце | 24 |
Боговиње | 10 |
Брвеница | 5 |
Јегуновце | 4 |
Желино | 1 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 08.06.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје