СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 08-14.02.2021

Тестирани се вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 5,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 16,6%, просечно 12,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=953; 42,7%), со неделна инциденца – 154,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 425,2/100.000 е регистрирана во Кавадарци (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 08-14.02.2021, Р.С. Македонија

mapa od 8 do 14 fev

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=583, 26,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=416; 18,6%), 40-49 (n=408; 18,3%), 50-59  (n=379; 17,0%) и 20-29 (n=276; 12,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4%) и 10-19 години (n=117; 5,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.123 (50,3%) лица од женски и 1.109 (49,7%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, со намалување од 34,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лицa биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50-59 години и едно лице на возраст од 40-49 години.

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на COVID-19 од странство.

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 14.02.2021, пријавени се вкупно 97.101 случај на COVID-19 (I=4.692,7/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола, Велес и Охрид додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга и Прилеп (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 14.02.2021

tabela 1 najnova

Во половина од државата се забележува повторно зголемување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, а позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Неготино, Валандово, Демир Хисар и Дојран (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје со 6.867,7 на 100.000 жители, Кавадарци (6.862,0/100.000), Штип (6.770,1/100.000), Демир Капија  (5.551,5/100.000), Охрид (5.418,0/100.000), Неготино (5.371,5/100.000), Свети Николе (5.357,8/100.000) и Прилеп (5.079,8/100.000) а најниска инциденца со 2.232,7 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа до 14 фев

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 49.431 машки и 47.670 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.768,9/100.000, а кај женските 4.616,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 23.015 (23,7%) со инциденца од 6.004,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 6.382,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (17.748 заболени). Најниска инциденца од 845,4 и 1.663,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.935 и 4.163 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=97.101)

graf 1 najnov

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По континуираниот пад од 47-53-та недела од 2020, се забележува стабилизација на трендот во последните 6 недели.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 14.02.2021 (n=97.101)

graf 2 najnova

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 630 лица (4,5% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 215 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 17.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 2.998 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.375) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 619,6/100.000 жители. Регистрирани се 1.881 смртни случаи кај лица од машки и 1.117 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.182 (88,0% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.712), дијабет (n=766) и белодробна болест (n=336). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 177 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 2.821 (94,1%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 14.02.2021 (n=2.998)

graf 3 najnov

Од 15.02.2020-14.02.2021 тестирани се вкупно 487.716 материјали (детектирани 97.101 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 235.706 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=487.716)*

tab2 najnov

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 6.143 лица (6,3%) се активни случаи, 87.960 случаи (90,6%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.552 (6,3%) биле хоспитализирани додека останатите 82.408 (93,7%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (97.101)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 2785 38691 942 42418
Куманово 233 4935 196 5364
Тетово 217 4842 212 5271
Прилеп 306 4293 243 4842
Гостивар 118 3414 171 3703
Штип 75 3403 88 3566
Битола 124 3042 151 3317
Велес 231 2952 106 3289
Охрид 360 2554 126 3040
Кавадарци 419 2474 60 2953
Струмица 153 2360 113 2626
Струга 159 2008 154 2321
Кочани 48 1680 44 1772
Кичево 69 1619 61 1749
Свети Николе 25 1059 15 1099
Гевгелија 101 950 23 1074
Неготино 82 940 19 1041
Ресен 67 690 20 777
Дебар 41 701 35 777
Крива Паланка 34 689 34 757
Радовиш 46 657 36 739
Делчево 212 461 26 699
Берово 35 568 21 624
Пробиштип 18 488 15 521
Виница 22 469 13 504
Валандово 12 319 7 338
Демир Хисар 10 238 7 255
Кратово 24 216 11 251
Македонски Брод 9 231 10 250
Крушево 39 176 19 234
Богданци 10 217 6 233
Демир Капија 39 185 3 227
Македонска Каменица 4 184 4 192
Пехчево 3 175 5 183
Дојран 13 80 2 95
ВКУПНО 6.143 87.960 2.998 97.101

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 14.02.2021 (n=97.101)

 

 graf5 najnov

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 07.02.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво105.429.382 (3.153.426 во последни 7 дена, 17% помалку во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.302.614 (88.369 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 46.913.218 (1.568.167 во последни 7 дена, 17% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.092.512 (45.350 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 35.515.952 (1.102.953 во последни 7 дена, 19% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 781.242 (33.169 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 13.033.797 (177.074 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 262 (2.560 во последни 7 дена, 21% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 5.828.565 (158.625 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 136.950 (2.761 во последни 7 дена, 16% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.655.316 (84.842 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 65.736 (3.232 во последни 7 дена, 30% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.481.789 (61.765 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 25.855 (1.297 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 16.02.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19