Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 02.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 88.948
Кина
Број на потврдени случаи – 80.174
Број на смртни случаи – 2.915
Други земји
Број на потврдени случаи – 8.774
Број на зафатени земји – 64
Број на смртни случаи – 128
Според СЗО, земјите каде што е регистрирана локална трансмисија на болеста (без Кина) се:
СЗО Регион Западен Пацифик (4.639 заболени, 29 со смртен исход)
Јужна Кореа, Јапонија, Сингапур, Австралија, Малезија, Виетнам
СЗО Регион Југоисточна Азија (44 заболени, 1 со смртен исход)
Тајланд, Индонезија
СЗО Регион Америка (82 заболени)
САД, Канада, Доминиканска Република
СЗО Регион Европа (2.080 заболени, 37 со смртен исход)
Италија, Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Хрватска, Грција, Финска, Данска, Сан Марино
СЗО Регион Источен Медитеран (999 заболени, 54 со смртен исход)
Иран, Обединети Арапски Емирати
Регистрирани се земји со импортирани случаи од земји со локална трансмисија на болест:
СЗО Регион Западен Пацифик (5 заболени, 1 со смртен исход)
Филипини, Камбоџа, Нов Зеланд
СЗО Регион Југоисточна Азија (5 заболени)
Индија, Непал, Шри Ланка
СЗО Регион Америка (8 заболени)
Мексико, Бразил, Еквадор
СЗО Регион Европа (55 заболени)
Шведска, Австрија, Израел, Азербејџан, Чешка, Грузија, Романија, Исланд, Русија, Ерменија, Белорусија, Белгија, Естонија, Ирска, Литванија, Луксембург, Северна Македонија
СЗО Регион Источен Медитеран (148 заболени)
Кувајт, Бахреин, Ирак, Либан, Оман, Пакистан, Катар, Египет, Авганистан
СЗО Регион Африка (2 заболени)
Алжир, Нигерија
Дополнително, регистрирани се 706 заболени лица, од кои 6 со смртен исход на крузерот Diamond Princess.
Состојба во Северна Македонија
Број на лабораториски потврдени случаи – 1.
Досега е регистриран само еден случај на COVID-19, потврден на 26.02.2019. Се работи за лице од женски пол, на возраст над 40 години, државјанка на Македонија, која се заразилa во тек на престој во Италија.
Заболената е хоспитализирана на КИБФС во посебна соба за изолација.
Идентификувани се вкупно 12 блиски контакти, возачот на минибус, 8 патници и 3 члена на семејството кои ја транспортираа заболената од границата кон болницата. Еден од патниците е странски државјанин и во тек е идентификација на тој патник. Сите 11 контакти од Северна Македонија се во изолација.
ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА
За да се намали ризикот од внес и ширење на вирусот во Македонија, Институтот за јавно здравје изготвува и постојано ги ажурира информациите за состојбата со COVID-19 заболувањето во Европа и светот, и препорачува мерки за спречување на внесувањето на заболувањето и негово понатамошно ширење.
За запознавање на населението со болеста COVID-19, како и мерките за заштита од заразување со новиот корона вирус, изготвени се препораки за патници (флаер), како и алгоритми за постапки на здравствениот систем при појава на сомнителен случај.
За патниците кои доаѓаат од Кина, Италија и други земји со локална трансмисија, а немаат симптоми, при влез во државата се изготвени посебни препораки/упатства како да постапат ако развијат симптоми во рок од 14 дена по доаѓањето.
Активирана е термалната камера на Меѓународниот Аеродром Скопје, дежурна екипа спроведува термален скрининг на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, а на граничните премини со соседните земји, граничната полиција е вклучена во надзорот на патниците кои доаѓаат од засегнатите области.
Во соработка со СЗО, Министерството за здравство организираше одржување на обуки за здравствените работници за запознавање со болеста, мерките на превенција, постапките и процедурите за земање на материјал и дијагностика, клинички менаџмент на потенцијални заболени како и правилно користење на личната заштитна опрема.
Изготвени се посебни постери на овие теми и истите се дистрибуирани до здравствените установи низ државата.
Формирани се Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и Кризен штаб, со вклучени експерти од повеќе области.
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат во Македонија
http://iph.mk/wp-content/uploads/2020/01/Corona-virus_flaer-za-web.pdf
http://iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni/
Препораки како да се заштитите себе си
http://iph.mk/covid-kako-da-se-zastitite-sebe-si/
Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавувате на следните телефонски броеви
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ПЕ Гевгелија 078 545 444
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ПЕ Гостивар 076 365 161
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ИЈЗ Скопје 078 387 194
ЗД Ало докторе 02/15 123