Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 03.03.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 90.870 (1.922 нови)
Кина
Број на потврдени случаи – 80.304 (130 нови)
Број на смртни случаи – 2.946 (31 нов)
Други земји
Број на потврдени случаи – 10.566 (1.792 нови)
Број на зафатени земји – 72 (8 нови)
Број на смртни случаи – 166 (38 нови)
Северна Македонија
Број на потврдени случаи – 1 (импортиран)
Број на прва линија контакти под 14-дневен надзор во изолација – 11
Број на втора линија контакти под 14-дневен надзор во изолација – 11
Број на контакти поврзани со потврден случај во странство, под 14-дневен надзор во изолација – 2
Денови од последно пријавување на потврден случај – 6
СЗО проценка на ризик
Кина – многу висок
Регионално ниво – многу висок
Глобално ниво – многу висок
- Земји каде што е регистрирана локална трансмисија на болеста (без Кина) се:
СЗО Регион Западен Пацифик (5.266 заболени, 35 со смртен исход)
Јужна Кореа, Јапонија, Сингапур, Австралија, Малезија, Виетнам
СЗО Регион Југоисточна Азија (46 заболени, 1 со смртен исход)
Тајланд, Индонезија
СЗО Регион Америка (97 заболени, 2 со смртен исход)
САД, Канада, Еквадор
СЗО Регион Европа (2.671 заболени, 55 со смртен исход)
Италија, Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Шведска, Израел, Хрватска, Грција, Финска, Данска, Сан Марино
СЗО Регион Источен Медитеран (1.590 заболени, 66 со смртен исход)
Иран, Обединети Арапски Емирати, Либан
СЗО Регион Африка (5 заболени)
Алжир
- Земји со импортирани случаи од земји со локална трансмисија на болест:
СЗО Регион Западен Пацифик (6 заболени, 1 со смртен исход)
Филипини, Камбоџа, Нов Зеланд
СЗО Регион Југоисточна Азија (7 заболени)
Индија, Непал, Шри Ланка
СЗО Регион Америка (8 заболени)
Мексико, Бразил, Доминиканска Република
СЗО Регион Европа (61 заболен)
Австрија, Исланд, Белгија, Азербејџан, Чешка, Грузија, Романија, Русија, Португалија, Андора, Ерменија, Белорусија, Естонија, Ирска, Летонија, Литванија, Луксембург, Северна Македонија
СЗО Регион Источен Медитеран (156 заболени)
Кувајт, Бахреин, Ирак, Катар, Оман, Пакистан, Египет, Авганистан, Јордан, Мароко, Саудиска Арабија, Тунис
СЗО Регион Африка (2 заболени)
Нигерија, Сенегал
- Дополнително, регистрирани се 706 заболени лица, од кои 6 со смртен исход на крузерот Diamond Princess.
ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА
За да се намали ризикот од внес и ширење на вирусот во Македонија, Институтот за јавно здравје изготвува и постојано ги ажурира информациите за состојбата со COVID-19 заболувањето во Европа и светот, и препорачува мерки за спречување на внесувањето на заболувањето и негово понатамошно ширење.
За запознавање на населението со болеста COVID-19, како и мерките за заштита од заразување со новиот корона вирус, изготвени се препораки за патници (флаер), како и алгоритми за постапки на здравствениот систем при појава на сомнителен случај.
За патниците кои доаѓаат од Кина, Италија и други земји со локална трансмисија, а немаат симптоми, при влез во државата се изготвени посебни препораки/упатства како да постапат ако развијат симптоми во рок од 14 дена по доаѓањето.
Активирана е термалната камера на Меѓународниот Аеродром Скопје, дежурна екипа спроведува термален скрининг на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, а на граничните премини со соседните земји, граничната полиција е вклучена во надзорот на патниците кои доаѓаат од засегнатите области.
Во соработка со СЗО, Министерството за здравство организираше одржување на обуки за здравствените работници за запознавање со болеста, мерките на превенција, постапките и процедурите за земање на материјал и дијагностика, клинички менаџмент на потенцијални заболени како и правилно користење на личната заштитна опрема.
Изготвени се посебни постери на овие теми и истите се дистрибуирани до здравствените установи низ државата.
Формирани се Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и Кризен штаб за коронавирусот при МЗ, со вклучени експерти од повеќе области.
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат во Македонија
http://iph.mk/wp-content/uploads/2020/01/Corona-virus_flaer-za-web.pdf
http://iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://iph.mk/covid-kako-da-se-zastitite-sebe-si/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавувате на следните телефонски броеви
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ПЕ Гевгелија 078 545 444
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ПЕ Гостивар 076 365 161
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ИЈЗ Скопје 078 387 194
ЗД Ало докторе 02/15 123