Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 04.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво93.090 (2.223 нови)

Кина

Број на потврдени случаи – 80.422 (120 нови)

Број на смртни случаи – 2.984 (38 нови)

Други земји

Број на потврдени случаи – 12.668 (2.103 нови)

Број на зафатени земји – 76 (4 нови)

Број на смртни случаи – 214 (48 нови)

Северна Македонија

Број на потврдени случаи – 1 (импортиран)

Број на прва линија контакти под 14-дневен надзор во изолација – 11

Број на втора линија контакти под 14-дневен надзор во изолација – 11

Број на контакти поврзани со потврден случај во странство, под 14-дневен надзор во изолација – 2

Денови од последно пријавување  на потврден случај – 7

 

СЗО проценка на ризик

Кина – многу висок

Регионално ниво – многу висок

Глобално ниво – многу висок

 

 

  1. Земји каде што е регистрирана локална трансмисија на болеста (без Кина) се:

СЗО Регион Западен Пацифик (5.831 заболен, 39 со смртен исход)

Јужна Кореа, Јапонија, Сингапур, Австралија, Малезија, Виетнам

СЗО Регион Југоисточна Азија (45 заболени, 1 со смртен исход)

Тајланд, Индонезија

СЗО Регион Америка (145 заболени, 6 со смртен исход)

САД, Канада, Еквадор

СЗО Регион Европа (3.288 заболени, 84 со смртен исход)

Италија, Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Шведска, Израел, Хрватска, Грција, Финска, Данска, Сан Марино, Романија

СЗО Регион Источен Медитеран (2.376 заболени, 77 со смртен исход)

Иран, Обединети Арапски Емирати, Либан

СЗО Регион Африка (5 заболени)

Алжир

  1. Земји со импортирани случаи од земји со локална трансмисија на болест:

СЗО Регион Западен Пацифик (6 заболени, 1 со смртен исход)

Филипини, Камбоџа, Нов Зеланд

СЗО Регион Југоисточна Азија (7 заболени, 1 со смртен исход)

Индија, Непал, Шри Ланка

СЗО Регион Америка (10 заболени, 2 со смртен исход)

Мексико, Бразил, Аргентина, Чиле, Доминиканска Република

СЗО Регион Европа (77 заболени)

Австрија, Исланд, Белгија, Чешка, Азербејџан, Грузија, Русија, Естонија, Ирска, Португалија, Андора, Ерменија, Белорусија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Украина,  Северна Македонија

СЗО Регион Источен Медитеран (168 заболени)

Кувајт, Бахреин, Ирак, Катар, Оман, Пакистан, Египет, Авганистан, Јордан, Мароко, Саудиска Арабија, Тунис

СЗО Регион Африка (2 заболени)

Нигерија, Сенегал

  1. Дополнително, регистрирани се 706 заболени лица, од кои 6 со смртен исход на крузерот Diamond Princess.

ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА

За да се намали ризикот од внес и ширење на вирусот во Македонија, Институтот за јавно здравје изготвува и постојано ги ажурира информациите за состојбата со COVID-19  заболувањето во Европа и светот, и препорачува мерки за спречување на внесувањето на заболувањето и негово понатамошно ширење.

За запознавање на населението со болеста COVID-19, како и мерките за заштита од заразување со новиот корона вирус, изготвени се препораки за патници (флаер), како и алгоритми за постапки на здравствениот систем при појава на сомнителен случај.

За патниците кои доаѓаат од Кина, Италија и други земји со локална трансмисија, а немаат симптоми, при влез во државата се изготвени посебни препораки/упатства како да постапат ако развијат симптоми во рок од 14 дена по доаѓањето.

Активирана е термалната камера на Меѓународниот Аеродром Скопје, дежурна екипа спроведува термален скрининг на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, а на граничните премини со соседните земји, граничната полиција е вклучена во надзорот на патниците кои доаѓаат од засегнатите области.

Во соработка со СЗО, Министерството за здравство организираше одржување на обуки за здравствените работници за запознавање со болеста, мерките на превенција, постапките и процедурите за земање на материјал и дијагностика, клинички менаџмент на потенцијални заболени како и правилно користење на личната заштитна опрема.

Изготвени се посебни постери на овие теми и истите се дистрибуирани до здравствените установи низ државата.

Формирани се Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и Кризен штаб за коронавирусот при МЗ, со вклучени експерти од повеќе области.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

http://iph.mk/kontrola-na-infekcijata-i-prevencija-na-covid19/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат во Македонија

http://iph.mk/wp-content/uploads/2020/01/Corona-virus_flaer-za-web.pdf

http://iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni/

 

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://iph.mk/covid-kako-da-se-zastitite-sebe-si/

  • За упатства за лична заштитна опрема за здравствените работници

http://www.iph.mk/lzo-covid-19/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавувате на следните телефонски броеви

ЦЈЗ Битола                 071 261 330

ЦЈЗ Велес                   071 219 278

ПЕ Гевгелија              078 545 444

ЦЈЗ Кочани                 071 373 913

ЦЈЗ Куманово            070 215 851

ЦЈЗ Охрид                  070 723 029

ЦЈЗ Прилеп                 076 475 747

ЦЈЗ Скопје                  071 289 614

ЦЈЗ Струмица             072 235 543

ЦЈЗ Тетово                  075 240 464

ПЕ Гостивар               076 365 161

ЦЈЗ Штип                    078 365 613

ИЈЗ Скопје                  078 387 194

ЗД Ало докторе          02/15 123