СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 10-16.05.2021
Тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во ПЕ Кратово (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 10-16.05.2021, Р.С Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9%), 30-39 (n=114; 16,9%) 40-49 (n=111; 16,5%), и 20-29 (n=56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9%) и 10-19 години (n=33; 4,9%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата на возраст над 60 години (52,8%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 347 (51,5%) лица од женски и 327 (48,5%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 16.05.2021, пријавени се вкупно 154.725 случај на COVID-19 (I=7.477,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Кавадарци, Крушево и Гевгелија. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга, Радовиш и Прилеп (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 16.05.2021
Се забележува значително намалување во сите градови во државата, освен во Кратово и Македонска Каменица каде се забележува зголемување и во Демир Капија и Дојран каде не е регистрирана промена на бројот на случаи. R0 се движи од 0,41 (Берово) до 1,47 (Кратово) (Табела 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.960,3 на 100.000 жители, Неготино (11.243,6/100.000) и Скопје (11.051,8/100.000), а најниска инциденца со 3.179,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Брод (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 77.562 машки и 77.163 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.482,9/100.000, а кај женските 7.472,3/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 39.756 (25,7%) каде што се регистрира и највисок специфичен морбидитет од 10.372,3/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.291,0 и 2.726,9 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.955 и 6.823 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=154.725)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.513) е регистриран на 30.03.2021.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.932) е регистриран на 13-та недела во 2021 година (Графикон 2). По 13-тата недела, 6 последователни недели се забележува континуирано намалување на бројот на заболени.
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 16.05.2021 (n=154.725)
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиника за детски болести, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија,Трауматологија и КАРИЛ, ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 498 лица (намалување од 55,7%), а од нив 328 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19.
Заклучно со 16.05.2021, аплицирани се 28.594 дози на Pfizer/Biontech (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Sputnik V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на AstraZeneca и 108.740 дози Sinopharm.
Заклучно со 16.05.2021 вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.
Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 24.239 (15,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 16.790 лица имаат кардиоваскуларна болест, 6.420 дијабет, 3.510 се со хронична белодробна болест и 3.945 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 6.587 (57,2%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Регистрирани се 5.230 смртни случаи (Лт = 3,4%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.296) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.120,8/100.000 жители. Регистрирани се 3.256 смртни случаи кај лица од машки и 1.974 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.874 (74,1% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.092), дијабет (n=1.317) и белодробна болест (n=579). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 276 (5,3%) починале во вонболнички услови, а 4.954 (94,7%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 16.05.2021 (n=5.230)
Од 15.02.2020-16.05.2021 тестирани се вкупно 757.794 материјали (детектирани 154.725 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2).
Со ова во Р. С. Македонија се направени 366.231 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=757.794)*
*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство
Според исходот од заболувањето, 3.452 лица (2,2%) се активни случаи, 146.043 случај (94,3%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 6.477 (4,4%) биле хоспитализирани додека останатите 139.566 (95,6%) биле на домашно лекување.
Графикон 4. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 16.05.2021 (n=154.725)
Табела 3. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=154.725)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 1404 | 65129 | 1728 | 68261 |
Куманово | 322 | 8125 | 331 | 8778 |
Прилеп | 160 | 7690 | 414 | 8264 |
Тетово | 121 | 6763 | 305 | 7189 |
Битола | 232 | 5744 | 292 | 6268 |
Велес | 91 | 5199 | 173 | 5463 |
Гостивар | 59 | 4865 | 235 | 5159 |
Кавадарци | 50 | 4948 | 149 | 5147 |
Охрид | 198 | 4561 | 224 | 4983 |
Штип | 74 | 4740 | 141 | 4955 |
Струмица | 98 | 3802 | 200 | 4100 |
Струга | 72 | 2707 | 191 | 2970 |
Кочани | 54 | 2605 | 117 | 2776 |
Кичево | 85 | 2349 | 104 | 2538 |
Гевгелија | 34 | 2085 | 70 | 2189 |
Неготино | 23 | 2099 | 57 | 2179 |
Свети Николе | 42 | 1446 | 30 | 1518 |
Ресен | 44 | 1152 | 37 | 1233 |
Крива Паланка | 8 | 1153 | 57 | 1218 |
Радовиш | 57 | 1020 | 59 | 1136 |
Берово | 9 | 978 | 39 | 1026 |
Делчево | 27 | 902 | 38 | 967 |
Дебар | 8 | 886 | 44 | 938 |
Виница | 67 | 770 | 37 | 874 |
Пробиштип | 18 | 742 | 29 | 789 |
Валандово | 6 | 639 | 20 | 665 |
Богданци | 9 | 475 | 10 | 494 |
Крушево | 22 | 434 | 32 | 488 |
Демир Хисар | 21 | 361 | 14 | 396 |
Демир Капија | 2 | 383 | 11 | 396 |
Кратово | 15 | 337 | 15 | 367 |
Македонски Брод | 1 | 342 | 13 | 356 |
Пехчево | 2 | 258 | 6 | 266 |
Македонска Каменица | 17 | 225 | 5 | 247 |
Дојран | 0 | 129 | 3 | 132 |
ВКУПНО | 3.452 | 146.043 | 5.230 | 154.725 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ
Репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во Р. С. Македонија изнесува 0,63 заклучно со 16.05.2021.
Графикон 5. Дневна инциденца на 100.000 жители и R0, COVID-19, Р.С.M, до 16.05.2021
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија со детектирани поединечни кластери), подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.
За повеќе информации околу рестриктивните мерки може да се информирате на www.vlada.mk
Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво
На оваа проценета фаза и подниво, треба да се применат мерки за ограничување на бројот на социјални средби во заедницата, но и да се обезбеди работа на економските капацитети со воспоставени безбедносни мерки. Може да биде потребен поширок опсег на јавно-здравствени мерки за контрола на трансмисијата.
Покрај мерките за подготвеност и одговор и надзор на итни случаи, индивидуалните мерки на претпазливост и комуникација, јавно-здравствените власти можат да размислат за спроведување на следниве мерки:
- Образовните институции да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции.
- Економските капацитети да бидат отворени со воспоставени мерки за спречување и контрола на инфекции, со акцент на охрабрување на е-работа на сите оние кои имаат можност за истата.
- Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
- Ограничете ја големината на социјалните и другите масовни собири.
- Доколку е потребно, може да биде потребен понатамошен акцент на заштита на најранливите категории, преку строга примена на мерките за спречување и контрола на инфекции, засилен надзор и контрола на посети во установи за долготрајна нега и други здравствени објекти.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 09.05.2021
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 157.408 (5.517.602 во последни 7 дена,
4% помалку во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 3.277.834 (90.242 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 6554.005 (1.272.491 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.551.860 (33.879 во последни 7 дена, 8% помалку во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 52.871.662 (919.119 во последни 7 дена, 23% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.104.629 (19.056 во последни 7 дена, 18% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 25.552.640 (2.877.410 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 197 (28.977 во последни 7 дена, 15% повеќе во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 9.428.375 (280.853 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 189.052 (5.605 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.357.846 (40.656 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 83.904 (1.034 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 2.597.134 (127.073 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 39.179 (1.691 во последни 7 дена, 34% повеќе во споредба со претходна недела))
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
Скопје, 18.05.2021
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје
[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19