СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 16-22.11.2020
Тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела (1,8%). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000 (Табела 1, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 16-22.11.2020, Р.С. Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20-29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7‘ повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 22.11.2020, пријавени се вкупно 55.131 случаи на COVID-19 (I=2.664,4/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Прилеп и Штип. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Во 11 градови се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во 6 градови се забележува минимално, додека во останатите поголемо процентуално зголемување на бројот на новозаболени. (Табела 1)
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 4.630,5 на 100.000 жители, Скопје (3.903,5/100.000) и Свети Николе (3.651,5/100.000), инциденца под 1.500 заболени на 100.000 жители е регистрирана само во Демир Капија, Крушево, Радовиш, Македонски Брод, Македонска Каменица, Богданци и Дојран. (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 28.364 машки и 26.867 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 2.726,8/100.000, додека кај женските 2.601,7/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 11.859 (21,5%) со инциденца од 3.094,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 3.624,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (10.077 заболени). Најниска инциденца од 557,5 и 982,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.276 и 2.459 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=55.131)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.407) е регистриран на 17.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.490) (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=55.131)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), 14,4% (n=5.211) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетските клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Нефрологија, Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина), моментално се хоспитализирани 1.346 лицa (14,3% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 247 се на кислородна поддршка и 22 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,2%), малаксаност (41,4%), кашлица (36,8%), главоболка (20,2%), болка во грло (15,6%), мускулна болка (14,9%), треска (13,3%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,4%) и отежнато дишење (10,0%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), кај 8.129 или 22,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), пријавени се 269 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 85 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), регистрирани се 1.847 (5,2%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), кај 10.002 (27,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 7.010 лица имаат кардиоваскуларна болест, 2.581 дијабет, 1.347 се со хронична белодробна болест и 1.666 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.962 (59,8%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 1.548 смртни случаи (Лт = 2,8%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 11.11.2020 година (n=29), а според недела на пријавување во тек на 46-тата недела (n=150) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.172) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 305,3/100.000 жители. Регистрирани се 995 смртни случаи кај лица од машки и 553 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.059 (78,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=811), дијабет (n=376) и белодробна болест (n=172). Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и дванаесет смртни случаи кај здравствени работници. Осумдесет и седум (5,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 1.451 (94,4%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=1.548)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=36.183; 65,6%), 743 (2,1%) се импортирани, од нив 10 се детектирани на точка на влез. Вкупно 13.587 лица (41,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02-22.11.2020 тестирани се вкупно 313.519 материјали (детектирани 55.131 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 151.519 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=313.519)*
*8 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 20.689 лица (37,5%) се активни случаи, 32.894 случаи (59,7%) се водат како оздравени (од нив 1.565 се здравствени работници и 235 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 3.197 (9,7%) биле хоспитализирани додека останатите 29.697 (90,3%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=55.131)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 9838 | 13801 | 471 | 24110 |
Тетово | 989 | 2413 | 150 | 3552 |
Куманово | 940 | 2383 | 121 | 3444 |
Прилеп | 965 | 1529 | 114 | 2608 |
Штип | 531 | 1851 | 57 | 2439 |
Гостивар | 793 | 1282 | 88 | 2163 |
Велес | 771 | 925 | 57 | 1753 |
Битола | 863 | 780 | 79 | 1722 |
Струмица | 597 | 904 | 54 | 1555 |
Охрид | 590 | 758 | 51 | 1399 |
Струга | 419 | 779 | 85 | 1283 |
Кочани | 324 | 813 | 22 | 1159 |
Кичево | 518 | 580 | 31 | 1129 |
Кавадарци | 440 | 595 | 24 | 1059 |
Свети Николе | 223 | 516 | 10 | 749 |
Гевгелија | 154 | 330 | 7 | 491 |
Дебар | 87 | 324 | 19 | 430 |
Неготино | 261 | 161 | 5 | 427 |
Ресен | 165 | 227 | 10 | 402 |
Крива Паланка | 126 | 251 | 16 | 393 |
Радовиш | 124 | 246 | 18 | 388 |
Виница | 182 | 157 | 6 | 345 |
Берово | 95 | 231 | 8 | 334 |
Пробиштип | 76 | 242 | 4 | 322 |
Делчево | 125 | 155 | 12 | 292 |
Валандово | 72 | 118 | 1 | 191 |
Демир Хисар | 75 | 96 | 2 | 173 |
Македонски Брод | 31 | 107 | 7 | 145 |
Кратово | 70 | 72 | 2 | 144 |
Богданци | 50 | 65 | 3 | 118 |
Крушево | 71 | 33 | 9 | 113 |
Македонска Каменица | 51 | 56 | 1 | 108 |
Пехчево | 24 | 69 | 2 | 95 |
Дојран | 22 | 25 | 2 | 49 |
Демир Капија | 27 | 20 | 47 | |
ВКУПНО | 20689 | 32894 | 1548 | 55131 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=55.131)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 17.11.2020:
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 53.728 (3.977.223 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.975 (59.699 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 960.102 (1.450.998 во последни 7 дена, 41% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 675.735 (19.106 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 15.047.248 (1.840.086 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 341.488 (29.043 во последни 7 дена, 18% повеќе во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 10.015.731 (373.768 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 860 (4.534 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.545.801 (238.390 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 90.052 (5.747 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.398.935 (40.990 во последни 7 дена, 22% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 31.450 (834 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 798.170 (32.973 во последни 7 дена, 5% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 16.377 (435 во последни 7 дена, 15% повеќе во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 23.11.2020
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје